Црна хроника
Момченце загина во забавен парк во Атина

Тринаесетгодишно момченце го загуби животот во неделата во забавен парк во квартот Елиникон во грчката престолнина Атина, пренесува телевизијата Mega.
Момченцето со својата деветгодишна сестра со играл во голема гумена топка (балон) во базенот кога наеднаш силен налет на ветрот ја понел топката сосе децата. Топката се тркалала околу 30-ина метри и неколкупати се удирала во различни пречки.
Детето починало на самото место, додека сестричката е хоспитализирана во сериозна состојба. Според лекарите, девојченцето има повреда на белите дробови.
Полицијата привела тројца вработени во паркот, под сомнение дека ги прекршиле правилата за безбедност во забавниот парк.
Според телевизијата, сопствените на паркот бил во градот Јанина и веднаш по несреќата пристигнал во Атина. Тој во полиција изјавил дека имал дозвола за работа на забавниот парк./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.