Компании
Reuters очекува раст на приходите, NYT – пад
Судејќи според деловните резултати на Thomson Reuters и The New York Times, на приватните информативни агенции приходите им растат, додека на новинските издавачи, коишто сѐ уште се во фаза на преминување на интерентско работење, и натаму паѓаат.
Приходите на Thomson Reuters пораснале во вториот квартал од 2014 година во однос на истиот период минатата 2013 година, на 3,15 милијади американски долари, додека добивката на оваа агенција пораснала од ланските 403 на 415 милиони долари. „Беше тоа уше еден квартал на стабилно напредување, но атмосферата и натаму е предизвикувачка“, изјави Џим Смит, извршен директор Thomson Reuters. Пазарните предизвици се особено големи во Европа, каде што клучните клиенти агенциите, финансиските институции и адвокатските компании, ги намалуваат трошоците и бројот на работни места.И покрај тоа, во Thomson Reuters остануваат на процената дека приходите на агенцијата во оваа година ќе изнесуваат 12,5 милијарди долари.Бидејќи резултатите на агенциите се подобри отколку што очекуваа финансиските аналитичари, цената на акцијата на Thomson Reuters порасна веднаш по објавувањето на деловниот извештај за 3 отсто.Од друга страна, пак, цената на акцијата на The New York Times падна за речиси 6 отсто, бидејќи кварталните финансиски резултати на овој новински издавач забележаа пад.Вкупните приходи на оваа компанија во изминатото тримесечје паднале за 1 отсто во однос на истиот период минатата година, на 388,7 милиони долари, што е во прв ред последица од падот на приходот од огласување во печатените изданија за 7 отсто. Чистата добивка на The New York Times истовремено паднала од ланските 20 милиона на сегашните 9,2 милиони долари.The New York Times во првиот годинешен квартал забележа раст на приходите од огласувањето и во дигиталните и во печатените изданија, прекинувајќи го долгогодишниот тренд на пад, меѓутоа изминатото тримесечје донесе негативни трендови. Компанијата предупреди дека и во третиот квартал се очекува пад на приходите од огласувањето, додека приходите од издаваштвото би требало да останат на ланското ниво.Од друга страна, приходите од претплатата на дигиталните производи, во коишто The New York Times вложува големи напори, во изминатиот квартал растеле. Притоа бројот на корисниците на исклучиво дигиталните производи на компанијата достигнал 831.000, што е за 32.000 повеќе отколку во претходниот квартал.„Ни преостанува уште многу работа во трансформацијата на нашето работење за да можеме да постигнеме одржлив раст на приходите“, вели Марк Томпсон, извршен директор The New York Times./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)