Црна хроника
Во тек е истрагата за загинувањето на Младенов, детали не се соопштуваат
Сé уште трае истрагата за сообраќајната несреќа во која загина основачот и уредникот на Фокус, Никола Младенов.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се вештачи возилото на Младенов, досега утврдена е брзината на возењето, бројот на вртежи во минута на џипот, времето на ударот и се испитува како возилото прво удрило лево од патот во столбот, па потоа од ударот излетало десно и ја пробило банкината.
Истражниот судија го чека и извештајот од судска медицина за причините за смртта на Младенов.
Според првичните информации од судска медицина, Младенов починал на лице место поради силниот удар во градите со воланот, што предизвикало внатрешно крварење.
Сообраќајката се случи во вторникот вечерта на патот Велес – Скопје, на клучката кај Хиподром, пред главниот град.
Потрагата по телото на Младенов започна во средата во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема.
Возилото „мерцедес“ беше извлечен дури во средата вечерта околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.
Според првичните информации, автомобилот ја пробил банкината на патот и излетал во ендек, но сé уште не се познати точните причини за сообраќајката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајден кокаин
Вчера во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Т
Тој, според полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Струмица, пронајдена дрога
Вчера во 16.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.В.(20) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фрлил две пакувања прашеста материја кога ја забележал полицијата: уапсен 49-годишен охриѓанец
Синоќа во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид.
Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.