Регион
Србија шест месеци нема да контактира со албанскиот амбасадор

Албанскиот амбасадор во Белград, кој одби да ја прими протесната нота поради каменувањето на автобусот на српските фудбалери, постапи недипломатски и поради тоа во следните чест месеци нема да може да контактира со властите во Србија.
Ова во четвртокот го изјави српскиот премиер, Александар Вучиќ по состанокот со шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.
Вучиќ истакна дека амбасадорите имаат право на таква реакција, но дека Србија во ток случај може да ги прогласи за персона нон грата или шест месеци државните претставници да не контактираат со нив.
„Моја одлука е да не ги расипуваме односите на таков начин и шест месеци амбасадорот нема да биде примен од мене, ниту ќе може да биде во контакт со претставниците на Србија“, рече Вучиќ.
Тој вели дека сака да ги разбере Албанците, во смисол дека сакаат да испратат најдобра слика а не да направат инцидент, но дека тоа не може да го оправда недипломатскиот потег на албанскиот амбасадор.
Вучиќ додаде дека остарил разговор со албанскиот премиер Еди Рама, кој прими група српски студенти и најави дека тој ќе прими група албански студенти и дека тие две држави ќе продолжат да соработуваат. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин