Македонија
Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата, при што за едните е популистички чекор, а за другите решение во вистински момент.
На собраниската дебата најгласен беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, според кој покачувањето на платата се носи пред избори за поткуп на гласачи.
„Носите едно решение без дебата, без да бидат прашани работодавците и стопанските комори, но тоа е ваша одлука на владеење. Покачувате плати и пензии пред избори. Освен тоа, некоординирани сте во ставовите. Вашата министерска Царовска рече за да се прехрани едно четиричлено семејство требаат 17.500 денари, а платата се покачува на 14.500, што значи дека минималната плата не стига ниту за храна. Ова е факт дека решението е носено несистемски и набрзина, без анализа дали ќе има реперкусии врз работниците со нивно отпуштање зашто работодавците може да не го издржат тој товар“, заклучи Данев.
За пратениците на власта, покачувањето на минималната плата е во согласност со ветената програма што ја дале пред избори и според нив ова ветување се исполнува како што е дадено.
„Не гледам ниту конфузност ниту контрадикторност. Зголемувањето на минималната плата е решение што ќе ја зајакне социјалата, ќе го подигне стандардот и не е популистичка мерка, туку мерка во согласност со програмата. Доколку не се покачеше минималната плата, би ве запрашала дали 9.000 денари, колку што беше платата, ќе беа доволни да се наполни потрошувачката кошничка“, реплицира пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска.
Во дискусијата се вклучи и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој посочи дека носењето на законот не е предизборно, односно дека има доволно време да се изгласа и не ги крши процедурите.
Од опозицијата на крајот рекоа дека иако не се согласуваат со мерката што се носи пред избори, во име на граѓаните од загрозените социјални категории ќе го поддржат законското решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ уште активни, 3 се под контрола, додека 11 се целосно изгаснати.
Активни пожари се регистрирани во неколку региони. Во источниот дел, пожарите зафатија подрачја кај селото Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума и грмушки. Во Прилеп гори на две локации – кај селото Бешиште, со проширување кон Градешница и кон границата со Грција, како и кон селото Дрен. Во Македонски Брод активни се два пожари – кај селото Црешнево и меѓу селата Локвица и Крапа.
Штипскиот регион се соочува со пожар меѓу селата Драгоево и Селце, а во Карбинци гори кај селото Јунузлија. Во близина на Скопје, пожар е активен кај селото Гумалево во општина Зелениково. Во северниот дел на државата, активни пожари се бележат и кај селото Руѓинце во Старо Нагоричане, како и во Куманово – во населбата Ристово Трло и кај селото Романовце.
Три пожари се ставени под контрола. Станува збор за пожарите кај селото Грешница во Македонски Брод, меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино и на улицата Брсјачка Буна во Шуто Оризари, каде што гореше дива депонија.
Изгаснати се 11 пожари во различни делови на државата, меѓу кои во Шуто Оризари кај Општината, кај касарната во Прилеп, во селата Долно Перово и Прељубје во Ресен, како и во неколку населени места во Кочани, Куманово, Липково и Гостивар.
Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за справување со активните пожари и заштита на населението и природата.
Македонија
(Видео) Тошковски: Вложуваме во нашите луѓе – во нивната обука, џудо тренинг сесии со врвен тренер

Министерот за внатрешни работи Пначе Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на џудо тренинг сесија на полициските специјалци со инструктор од Интернационалната џудо федерација специјализиран за обука на полициски и армиски специјални единици. Оваа соработка произлегува од неодамна Меморандум за соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи и министерството за спорт и Меморандумот за разбирање помеѓу Националната џудо федерација и Европската џудо федерација кој беше потпишан на Европското првенство во џудо за кадети кое се одржа во Скопје минатиот месец.
„Вложуваме во нашите луѓе – во нивната обука, знаење и подготвеност. Градиме силна, професионална и подготвена полиција, способна да одговори на современите безбедносни предизвици и ефикасно да се справува со криминалот. Затоа, особено внимание посветуваме на континуираната физичка подготвеност посебно на специјалните единици. Овие тренинг сесии со врвен џудо тренер се со директен ангажман на претседателот на европска џудо федерација Ласло Тот. Неодамна преку министерството за спорт и европската џудо федерација ја опремивме салата со специјализираните душеци – татами и кимона за полициските службеници. Планираме и за во иднина сеопфатни програми за физичка обука на полициските службеници“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани поврзани со социјални и еколошки прашања во Македонија.
Таа најави присуство на јавната дискусија што ќе се одржи во Социјалниот центар „Дуња“ под наслов „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“.
Во обраќањето, Тунберг додаде и дека ќе се приклучи на протестната блокада за спас на реката Дошница на планината Кожуф, која е најавена за утре.
View this post on Instagram
Таа истакна дека настаните во Газа не се изолирани од климатската криза, а според неа, тоа е истиот насилен систем изграден врз експлоатација, окупација и профит над животот.
Активистката ја спомена и одлуката на македонскиот парламент, кој вчера гласаше против испраќање хуманитарна помош во Газа, додавајќи: „Мора да застенеме солидарно, да се поврземе и да се спротивставиме заедно“.
Грета вчера беше во Тетово, каде што ја посети новата локација на Општествено-културниот центар, која се уредува со заеднички волонтерски ангажман и поддршка од меѓународни партнери. Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во Тирана, каде што повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.