Црна хроника
По расправија ја запалил сопругата
Педесетгодишен жител на гевгелиското село Миравци во саботата околу 14 часот ја полеал со бензин и ја запалил својата 43-годишна сопруга, која во критична состојба е префрлена во Ургентниот центар Скопје.
На налудничавиот чин му претходела семејна расправија, по која сопругот од помошната просторија на куќата зел пластична туба со бензин, ја полеал и запалил својата сопруга која со возило на Итна медицинска помош во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Гевгелија..
Поради тежината на здобиените повреди, жената е префрлена на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на лице место извршиле екипа од полициската станица во Гевгелија, истражен судија и јавен обвинител. Во врска со овој настан гевгелиската полиција на сопругот што не можел да се контролира му поднесе кривична пријава за дело „убиство во обид“. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

