Македонија
(Видео) Анѓушев од самитот во Солун: Остануваме посветени на евро-атлантските интеграции

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, учествуваше на панелот „Југоисточна Европа, предизвици и перспективи“, во рамките на Самитот кој се одржа во Солун.Тој посочи дека Владата на Република Северна Македонија останува посветена на реформите поврзани со датумот за отворањето на преговори со Европската Унија, и покрај неодамнешната одлука на ЕУ, како и на членството во НАТО, пред се за обезбедување на владеењето на правото, стабилноста и економскиот развој на земјата и подобар живот на граѓаните.
„Република Северна Македонија ги направи сите потребни чекори за добивање на датум за отворање на преговорите, сепак ЕУ донесе одлука која е делумно разочарувачка, а е поврзана со процеси кои се случуваат во самата Унија. Ние остануваме посветени кон евро-атлантските интеграции за кои сметаме дека носат стабилност и просперитет. Членството во НАТО е веќе извесно и се надеваме дека ќе биде овозможено на почетокот на 2020 година, кога очекуваме парламентот во Кралството Шпанија да го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО“, посочи Анѓушев.
Тој додаде дека во насока на побрз регионален развој, потребна е потполна посветеност и вклученост, особено во европските интеграции на сите земји од регионот. Договорите на Република Северна Македонија со Грција и Бугарија, Вицепремиерот ги оцени како добар пример на надминување на отворени билатерални прашања и посочи дека делуваат позитивно на економската соработка.
„Економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, како и со Република Бугарија, изразена преку трговската размена, бележи позитивни резултати, особено во првата година по потпишување на договорите со овие две земји. Како резултат на овие договори трговската размена со Грција во 2018 година се зголеми за над 20%, додека со Бугарија за над 15%, а одреден пораст на соработката е забележан и во 2019 година. Зајакнувањето на политичката соработка, носи и економски бенефити за регионот“, истакна вицепремиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.