Спорт
Конте добил анонимно писмо – со куршум!
Закана за тренерот на милански Интер, Антонио Конте (50), пишува „Кориере дела сера“.
Кормиларот на клупата на „нероазурите“ спортски се заканува дека ќе ја прекине осумгодишната доминација на Јувенту во италијанскиот фудбал, но добил закана. Во Италија симболична.
Куршум во писмо, за заплашување и предупредување.
Полицијата покренала истрага, а екс-фудбалскиот репрезентативец на Италија и нејзин селектор најверојатно ќе добие полициска заштита.
Конте е една од играчките легенди на „Старата дама“, одигра речиси 300 меча во „црно-белиот“ дрес во периодот меѓу 1991 и 2014 година.
Како тренер на Јуве, Конте ги донесе првите 3 титули во низата до 8 (2011-2013).
Навивачите на торинскиот клуб не беа најсреќни кога Конте стана тренер на Интер, па заканите се доведуваат во корелација токму со неговата нова позиција во италијанскиот фудбал.
По 12 кола, Јуве е лидер во Серија А со 32 бода, без пораз. Интер е веднаш зад него, со 31 бод.
Нивниот меѓусебен дуел на „Џузепе меаца“ заврши со победа за шампионот од 2-1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.