Топ
160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава
17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го загубија животот на патиштата ширум светот. Годишно, 1.3 милиони луѓе, од сите страни на светот, го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.
Товарот на тага и неволја што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните незгоди е сè поголем затоа што голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се деца и млади. Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно 1 100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди.

Сообраќајните незгоди претставуваат прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години, втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 15 години и од 20 до 24 години и трета причина за смртност за лицата на возраст од 5 до 9 години.
Во земјава во просек, околу 150-160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена. Околу 6 200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди. Во 2018 година, 133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Северна Македонија, а 5 860 лица се сериозно повредени.
Секоја година, нови настрадани – загинати и поврдени лица, се додаваат на безброј милиони што веќе страдаат како последица на сообраќајните незгоди. Затоа РСБСП со апел: Време е! Разбди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата! Стоп за возачите кои без размислување притискаат на педалата за зголемување на брзината! Стоп за возачите кои возат пијани! Стоп за не користењето на безбедносните појаси! Стоп за возачите кои возат технички неисправни и небезбедни возила! Стоп за мотоциклистите без заштитна кацига! Стоп за лошите патишта! Стоп за не одбележаните пешачки премини ! Стоп за небезбедените велосипедски патеки!
Нула толеранција за неодговорно учество во сообраќајот затоа што последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, тешки, трајни и ненадоместливи.
Голем дел од тешките судбини со кои се соочуваат милиони семејства ширум светот, ќе беа поразлични доколку безбедноста на сообраќајот ја добиеше важноста и приоритетот на општествено дејствување кој несомнено го заслужува. Многу човечки судбини ќе беа поразлични доколку секој учесник во сообраќајот беше за нијанса поодговорен и посовесен.
Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди има цел да не потсети, да дадеме помен на сите загинати лица во сообраќајни незгоди, но и да допре до свеста на секој учесник во сообраќајот, да размисли за одговорноста и за последиците од сообраќајните незгоди.
„Да ја намалиме црната статистика на патиштата, да го направиме сообраќајот побезбеден, почнувајки секој од себе, од сопствените грешки и од сопственото однесување во сообраќајот.Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата!, порачуваат од РСБСП по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој земјата одговара на долгорочните европски приоритети.
„Во извештајот се нотира дека во некои области постои „одреден“ или „ограничен напредок“. Конкретно, нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан „добар напредок“. Во едно поглавје, „Слободно движење на капитал“, дури е зголемено нивото на подготовка, благодарение на приклучувањето кон SEPA и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање на тероризам. Комисијата ги поздравува чекорите направени во делот на економијата, со стабилен банкарски сектор, умерен раст на БДП, усвојување на Законот за јавна внатрешна контрола и назначувањето на членовите на Фискалниот совет, мерки кои ја зајакнуваат фискалната дисциплина и транспарентност“, вели Мицкоски.
Премиерот додаде дека позитивни оценки има и за дигитализацијата, модернизацијата на јавната администрација, воспоставувањето на системите за е-набавки и зајакнувањето на сајбер-безбедноста.
Во однос на законодавната рамка, рече Мицкоски, иако се потребни дополнителни усогласувања со европското законодавство, особено со Европскиот акт за медиумска слобода (EMFA), на кои во идниот период ќе работиме, веќе се направени конкретни чекори напред во Законот за медиуми.
„Ова е показател дека како Влада активно работиме на приближување кон европските стандарди и на создавање правна рамка која ја гарантира медиумската слобода и плурализмот. Се разбира, извештајот посочува и на предизвици што државата мора да ги адресира со уште посилна динамика. Предизвици постојат во делот на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Политичката поларизација и недоволната соработка меѓу институциите остануваат пречки што ја забавуваат имплементацијата на реформите. Оваа Влада не само што е свесна за тие предизвици, туку веќе работи на нивното надминување“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека се поставени нови приоритети за реформа на судството, за зголемување на одговорноста и за воспоставување на јасни критериуми за оценување на судиите и јавните обвинители.
Во делот на антикорупцијата, додаде Мицкоски, процесот на целосна дигитализација на јавните набавки и на транспарентноста на буџетските расходи ќе продолжи во 2026 година.
Во однос на јавната администрација, според Мицкоски, Владата е решена да го прекине долгогодишниот модел на парт
Македонија
Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.
Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.
Македонија
Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени
Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане да раководи со ресорот образование или ќе оди во друг ресор, изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Мицкоски.
Јаневска посочи дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи.
Премиерот, додаде таа, го носи најголемиот товар за промените во државава и има право да одлучува за министрите.
„На ова прашање веќе неколку пати сум одговарала и ќе повторам. Земјава има премиер кој го носи на својот грб најголемиот товар за позитивните промени кои се случуваат и допрва треба да се случат во Македонија. Оттука, полно негово право е, заедно со органите на партијата, да одлучува кого ќе предложи како влада или кого ќе предложи како министер пред Парламентот. Секоја негова одлука апсолутно ќе ја испочитувам“, кажа Јаневска.

