Топ
Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР за „Макфакс“ при последната проверка на полицијата во текот на вчерашниот ден, било утврдено дека тој не е дома. Поради непочитување на мерката на судот, веднаш биле известени надлежните институции и се трага по бегалецот.
„На Белски судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.
Поранешен телохранител на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, по три месеци во бегство, во април годинава им се предаде на органите на прогонот по случајот со пукањето во Драган Здравев во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани и неговото ранување. Стоименов во јануари стрелаше и го рани 33-годишниот Драган Здравев – Дач, во кафеана во Кочани.
Јавноста го знае од случајот „Детонатор“ и промената на 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.
Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат после седум години во кои недостигаа, а наставниците и учениците самостојно се снаоѓаа со литература. Нови учебници со унапредена содржина има и за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиско образование, каде започнува примената на нови наставни програми. Над 100 нови наслови ќе бидат достапни и за учениците од средните стручни училишта, велат од МОН.
Изработката, печатењето и испораката на учебниците беше голем предизвик во минатото. Прашањето е системски решено, со новиот Закон за учебници во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, вклучително и автори, рецензенти, но и сите издавачки куќи во државата.
Сите надлежни институции, органи и тела кои учествуваат во постапката за обезбедување на учебници, доследно и навремено ги исполнија своите должности, за што Министерството за образование и наука изразува благодарност и повикува заедничкото делување за обезбедување на подобро образование да продолжи и понатаму. Учебниците се основен услов за квалитетен воспитно – образовен процес, се додава во соопштението на МОН.
Топ
МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“, со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“, со охридски регистарски таблички, сопственост на М. И. (21) од Охрид, „фиат пунто“, со скопски регистарски таблички, сопственост на Е. Т. (20) од Скопје, и „сузуки“, со скопски регистарски таблички, сопственост на С. М. (54) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.
Македонија
(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé потешко, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.
Тој нагласи дека додека владата ги користи своите ПР трикови за да прикаже дека во државата добро се живее, реалноста е поразителна- граѓаните се тие што знаат како живеат и каква е реалната состојба со економијата, цените и платите.
„Реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат. Инфлацијата е 4,8%, секојдневно растат трошоците и реалноста е дека се живее сè потешко“, рече Филипче.
Говорејќи за животниот стандард, Филипче нагласи дека минималната синдикална кошница, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, секој месец урива нови рекорди.
„Во јуни 2024 година, минималната синдикална кошничка изнесуваше 60.325 денари, а во август минатата година надмина 61.199 денари. Денес, после една година таа достигна 65.507 денари. Тоа значи дека во периодот откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 4.300 денари. Во исто време, минималната плата е зголемена за само 1.800 денари. Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните, рече Филипче.
При тоа, Филипче потенцираше дека реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат.
„Премиерот Мицкоски се фали со бројки за „раст на платите од 11, 12 или 13%“. Но, да ги погледнеме реалните бројки. Реалната плата, онаа што ја покажува куповната моќ на граѓаните, во јуни порасна само 3,8%, а пред една година со мерките на СДСМ растот беше 11%. За прв пат после долги години имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец – тоа беше случај во јуни“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.