Контакт

Манифестации

Завршија Струшките вечери на поезијата

Објавено пред

Со врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата заврши 54. издание на Струшките вечери на поезијата.

dobivaj vesti na viber

Признанието „Златен венец“ на годинашниот лауреат кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник му го додели претедателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски.

Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на млад странски автор на шпанската поетеса Паула Бозалонго и ја враќи директорот на фестивалот Мите Стефоски, „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата  на поетесата Виолета Танчева-Златева и ја врачи претседателот на жири-комисијата Зоран Анчевски.

Традиционално на полноќ беше прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“ за најдобра песна на млад автор од Македонија, која годинава и припадна на поетесата Афродита Николова за песната „Во налетот на ветрот“.

Највисокото признание на фестивалот „Златниот венец“ се состои од филигрански изработен лавров венец.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг настапија и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве по 54-ти пат беше престолнина на поезијата  Педесет и четвртиот поетски фестивал свечено беше отворен во средата со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“, палење на фестивалскиот оган и поетското послание на Адонис пред Домот на поезијата во Струга. На 54. издание на Струшките вечери на поезијата учествуваа над 40 поети од 29 земји.

Поетските читања денеска се преселуваат во Скопје. Поетско матине ќе с еодржи во манастирот „Свети Андреја“ на Матка и на Плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост. Лауреатот на СВП Беи Дао ќе биде примен во Друштвото на писателите на Македонија, каде ќе биде прогласен за почесен член. /крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет60 минути

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на...

Европа1 час

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет1 час

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион1 час

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет1 час

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет13 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија18 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија19 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија19 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија21 час

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија22 часа

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија22 часа

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија23 часа

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет1 ден

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет1 ден

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет1 ден

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет1 ден

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа1 ден

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет1 ден

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...