Црна хроника
Малолетничка се застрела со пиштол во стомакот

Малолетничка од скопското село Брест се застрелала со пиштол во стомакот во куќа во Чаир, каде повремено работела како хигиеничарка, соопшти МВР.
Шеснаесетгодишната девојка синоќа дошла во куќата неповикана и по разговор со сопственичката на куќата, почнала да чисти. Според исказот на сопственичката на куќата, во еден момент се слушнал истрел од катот на куќата.
Сопственичката ја затекнала девојката како лежи на креветот од спалната соба, свесна и се жалела на болки во стомакот. Девојката веднаш била пренесена во градската болница „Наум Охридски“ каде била констатирана устрелна рана во стомакот.
При извршениот увид на местото на настанот пронајден е пиштол со два неиспукани куршума во рамката, како и една чаура од испукан куршум, кои се земени за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.