Спорт
Откажан документарецот за Шуми поради чувствителен материјал
Планот за објавување на документарниот филм за животот на седумкратниот Формула 1-шампион, Михаел Шумахер, е одложен поради чувствителниот материјал кој се најде во првата верзија и поради кој семејството на Германецот реши да побара промени.
Планот за објавување на филмот како дел од прославата на 50-тиот роденден на Германецот и 25-годишнината од неговата прва титула беше објавен во мај, но филмот нема да се појави во декември.
„Режисерите и продуцентите сакаат повеќе време да го комплетираат филмот поради големиот материјал и чувствителноста на содржината“, објави продуцентската куќа „Б/14 филм“ за „Билд“.
Беше најавено дека во филмот ќе има досега необјавени снимки од семејството, но јасно е дека последниот бор ќе го имаат 50-годишната сопруга на Шумахер, Корина, и таткото Ролф, кои по несреќата во декември 2013 прават сè што е можно да ја задржат приватноста на Германецот.
Шумахер доби сериозни повреди на главата и мозокот при падот на скијањето на Француските Алпи, но фановите добиваат минимални вести за неговата здравствена состојба. 20-годишниот син на Шумахер, Мик, веќе настапува во Формула 2-шампионатот, а 22-годишната ќерка Џина-Мари се натпреварува во коњички натпревари. Корина вели дека постапките се за доброто на Михаел.
„Тој е во најдобрите раце во моментот и сите правиме сè што е возможно да му помогнеме. Но, мора да сфатите дека ја следиме неговата желба со тоа што неговата здравствена состојба не ја објавуваме на јавноста“, изјави Корина Шумахер во интервју за магазинот на Мерцедес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

