Контакт

Надворешна политика

Ахмети: Влез во НАТО за релаксирање на меѓуетничките односи

Објавено пред

Сега е време Македонија да влезе во НАТО и да ги започне преговорите со Европската Унија, порачал во понеделникот претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на средбата со Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, и Американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс.

dobivaj vesti na viber

На средбата со високиот американски гостин, Ахмети нагласил дека зачленувањето на Македонија во НАТО е од интерес не само на земјата и сојузниците, туку на целиот регион.

 

Тој повикал на што поскоро отворање на вратите за Македонија во Алијансата бидејќи, како што рекол, со тоа ќе се релаксираат меѓуетничките и меѓусоседските односи, а ќе се отвораат и нови економски перспективи за регионот.

 

„ДУИ останува целосно посветена да го продолжи блиското партнерство со Соединетите Американски Држави, кон постигнување на заедничката цел која обезбедува мир, стабилност, безбедност“, стои во партиското соопштение.

 

Во соопштението меѓудругото се вели и дека лидерот на партијата побарал од Нуланд поголемо и директно ангажирање на Вашингтон за да се олесни постигнувањето на компромис со јужниот сосед, Грција, бидејќи, според него, страните се блиску до решение и пронаоѓање компромис, но дека потребно е меѓународно посредување за страните да седат на заедничка маса.

 

На средбата Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања ја нагласила поддршката на Соединетите Американски Држави за Евроатлантската иднина на Македонија и регионот како и подготвеноста на официјален Вашингтон да му се помогне на овој процес кон реализација.

 

На овој состанок, лидерот на ДУИ, Ахмети, го отворил и прашањето на случајот Монструм и при тоа го нагласи барањето на ДУИ за мониторинг од САД, како и целосна транспарентност на процесот.

 

“Го покренавме прашањето на судските постапки со што бараме транспарентна правда, бараме правосудните органи да не делат селективна правда и бараме овој процес да се следи од страна на специјалисти за да се зголеми сигурноста која се постигнува со транспарентност. Така како што имаат видено граѓаните транспарентност во Хашкиот суд, така и овој суд да биде транспарентен”, истакнал Ахмети./крај/мф/ап

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија, предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа2 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет2 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион2 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет3 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите се одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа3 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија16 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ17 часа

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија20 часа

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...

Македонија21 час

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...

Македонија22 часа

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија23 часа

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија24 часа

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ24 часа

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија1 ден

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...

Македонија1 ден

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион1 ден

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа1 ден

Обвинител: Грабежот во „Лувр“ е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет1 ден

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....