Европа
Тринаесет полицајци повредени на антиимгрантски протести во Келн

Тринаесет полицајци се повредни во безредија во текот на антиимгрантските протести во неделата во Келн во кои фудбалските навивачки протестираа против салафитите како поддржувачи на радикалниот ислам,
Полицијата во Келн со водени топови, солзавец и палки растера околу две ипол илјади демонстранти, главно фудбалски навивачи кои се противат на доселувањето на имигрантите, особено на оние од муслиманските земји кои го поддржуваат исламизмот. Полицијата соопшти дека реагирала кога демонстрантите почнале врз нејзините припадници да фрлаат камења, притоа било поведено најмалку едно лице, пренесува агенцијата DPA.Агенцијата AFP дополнително ја пренесе изјавата на портпаролот на полицијата, кој соопшти дека во безредијата се поведени тринаесет полицајци, но не наведе за какви повреди станува збор. Истиот извор дополнил дека уапсени се шест лица. На местото на одржување на протестите биле испратени илјада полицајци.Антиимгрантската група која се нарекува „Фудбалски хулигани против салафитите“ наишла на група од петстотини лица кои излегле на контрапротести. Прво започнал судир меѓу тие две групи, а подоцна на полицајците биле фрлани шишиња, камења и петарди, рекол претставника на полицијата за DPA. „Со солзавец, палки и водени топови се обидовме да ја вратиме ситуацијата под контрола“, додал. На социјалните мрежи беше објавен податок дека на протестот учествувале околу седум илјади лица, а локалните онлајн медиуми јавија дека имало уништени и повеќе полициски возила. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украински војник кој преживеа ужасна руска тортура исчезна од болница

Војникот на украинската Национална гарда, Владислав Нахорни, кој преживеа ужасна тортура од страна на руските сили, исчезна од болница во Днепарк завчера, потврди денес портпаролката на полицијата, Хана Старчевска. Исчезнувањето го пријавила неговата сопруга, а полицијата почнала обемна потрага, објавува „Киев индипендент“.
33-годишниот војник бил заробен пред неколку недели во близина на Покровск откога неговата бригада ја изгубила својата позиција. Подоцна сведочел за ужасите што ги доживеал опишувајќи како руските војници ги осакатувале другите затвореници пред да им ги пресечат грлата. Тој бил фрлен во јама заедно со уште седум свои соборци, кои неговите џелати ги сметале за мртви.
Во неверојатен пресврт на настаните Нахорни бил единствениот преживеан. И покрај сериозните повреди, тој успеал да лази пет дена пред да стигне до територијата контролирана од Украина.
Тој бил примен во болница во регионот Днепропетровск на 17 август во критична состојба. Изгубил голема количина крв, а раните му гноеле.
Не можејќи да зборува поради операција на гркланот, тој го запишал своето ужасно искуство во дневник. Во него опишал како руските војници им ги ваделе очите на затворениците, им ги сечеле усните, ушите и носовите и ги осакатувале на други начини.
Неговиот случај се надополнува на растечкиот број докази за систематски воени злосторства извршени од руските сили против украинските затвореници. Генералниот обвинител на Украина во јули објави дека Русија, кршејќи ги Женевските конвенции, егзекутирала најмалку 273 украински воени затвореници за време на нивното заробеништво.
фото: принтскрин
Европа
На Германка ѝ паднале очилата во езеро додека била на чамец, се удавила барајќи ги

Една жена загина во Хамбург кога се обидела да ги земе очилата што ѝ паднале од чамец во езерото Алстер во близина на пристаништето, соопшти вчера полицијата.
Се верува дека 57-годишната жена нурнала под пристаништето за да ги бара, но не се вратила на површината. Нејзиното безживотно тело подоцна било извлечено од водата и не можело да се реанимира. Минувачите ги известиле службите за итни случаи.
Двајца мажи исто така исчезнале додека пливале во водите на Хамбург во неповрзани инциденти еден ден претходно, според властите.
Четириесетгодишен маж скокнал во реката Елба и бргу бил однесен од струјата, соопшти полицијата. Другиот, 46-годишен маж, пливал на друго место во градот кога одеднаш исчезнал под водата, соопшти полицијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање на конфликтот.
Тоталната инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе и беше опустошен голем дел од источна Украина.
Putin spoke at the Shanghai Cooperation Organization Summit.
He blamed the West for the "Ukrainian crisis" and said that "the root causes of the crisis" must be removed in order for peace to come.
Looks like Putin has made his choice: he's going to continue the war. https://t.co/yqVH2adAxs pic.twitter.com/kbqYtFnpyH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 1, 2025
„Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, туку е резултат на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа и охрабри“, рече Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјенџин.
„Друга причина за кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО“, додаде рускиот претседател.
Како избувна војната?
Конфликтот во Украина започна во 2014 година по месеци масовни протести познати како Револуција на достоинството, кога беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович. Кратко потоа, Русија го окупираше и анектираше Крим, а на истокот од земјата, во Донецк и Луганск, избувнаа борби меѓу украинските сили и проруските паравоени групи со директна поддршка од Москва. И покрај договорите од Минск од 2014 и 2015 година, војната во Донбас никогаш навистина не заврши.
Ситуацијата драматично ескалираше на 24 февруари 2022 година, кога Русија, по наредба на Путин, започна целосна инвазија на Украина.
Руските сили тргнаа од неколку правци, тргнувајќи и кон Киев, но наидоа на жесток украински отпор и беа принудени да се повлечат од северните региони. Војната потоа се концентрираше на југот и истокот од земјата, каде што се водеа најжестоките борби.
До ден денес, украинските градови остануваат систематски бомбардирани од руски ракети и беспилотни летала, додека Украина возвраќа со напади врз воени цели длабоко на руска територија. Конфликтот одзеде десетици илјади животи, расели милиони и претвори огромни делови од земјата во бојно поле, а мировните преговори се во застој.
фото: принтскрин