Контакт

Надворешна политика

Груевски и Нетанјаху потпишаа Декларација за пријателство меѓу Македонија и Израел

Објавено пред

Македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху во средата во Еруасилим потпишаа Декларација за пријателство меѓу Македонија и Израел од стратешко значење, документ кој претставува значајна основа за остварување на продлабочена соработка меѓу двете држави.

dobivaj vesti na viber

„Денеска со премиерот Нетанјаху потпишавме Декларација за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел која е од стратешко значење, и која уште повеќе ги зацврснува билатералните односи меѓу нашите две земји. Двете земји ги врзува силно партнерство, заемна почит, одлична билатерална и мултилатерална соработка. Меѓу нас нема отворени или спорни прашања. Ние сме долгогодишни пријатели и партнери, истакна на заедничката прес-конференција премиерот Груевски.

Покрај ова, двајцата премиери потпишаа уште два документи со што се потврдуваат заложбите за континуирано унапредување одличните односи меѓу двете држави

Вториот и третиот документ кои денес беа потпишани се Договорот за одбегнување на двојното оданочување, и Договорот за промоција и заштита на инвестициите, документи кои се во функција на интензивирање и стимулирање на економската соработка меѓу државите.

„Добрата политичка соработка сакаме да се преслика и на економски план, преку интензивирање на заедничките економски релации, и искористување на соодветните потенцијали кои ни стојат на располагање. Во таа насока денеска ги потпишавме и Договорот за одбегнување на двојно оданочување и Договорот за промоција и заштита на инвестициите, што верувам е одлична вест за бизнисмените од двете земји’, изјави Груевски.

Премиерот Груевски со својот колега Нетанјаху разговараше и за остварување на соработка во други полиња од взаемен интерес, како што се земјоделието, обновливата енергија, можностите за искористување на хидро-потенцијалот и туризмот, стои во соопштението на владината прес служба.

Груевски посочил дека македонската Влада уште пред неколку години донесе неколку мерки насочени кон негување на споменот на Евреите и заштита на еврејската култура и традиции во Македонија, меѓу кои и отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, основањето на Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Македонија и реституцијата на имотите на депортираните Евреи без правни наследници, мерки кои укажуваат на пријателството меѓу двете држави.

Двајцата премиери разговараа и за теми кои што се глобални предизвици, како што е борбата против тероризмот и мигрантската криза.

„Република Македонија е дел од глобалната коалиција за борба против тероризмот и придонесува во рамките на меѓународните мисии за меѓународната безбедност. Нашата отворена и верувам заедничка заложба останува обезбедување на поголем регионален и светски мир и стабилност“, истакна премиерот Груевски. 

Во однос на мигрантската криза, премиерот Груевски истакна дека Македонија е дел од европскиот коридор за транзит на мигранти, и во таа насока како држава учествува во обезбедувањето на хуман третман кон мигрантите во исто време гарантирајќи безбедност и сигурност на нашите граѓани. Тој истакна дека за надминување на овие предизвици е потребен координиран пристап на меѓународната заедница и побрза и поодлучна акција која треба да се преземе во соработка со европски партнери и пријатели. 

Премиерот на Израел Нетанјаху истакна дека двете држави имаат заедничко пријателство кое треба да се искористи за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе полиња.

„Постои традиционално пријателство меѓу нашите две држави. Има многу области каде можеме да работиме, енергетиката, земјоделието, науката, образованието, технологијата, и областа на одбраната како и заедничка борба против тероризмот. Ние го цениме ова пријателство и ова партнерство“, изјави премиерот на Израел Нетанјаху на заедничката прес-конференција.

Тој додаде дека постои и потенцијал во економијата кој исто така треба да биде соодветно искористен, и дека Државата Израел ќе остане поддржувач и пријател на Република Македонија.

Двајцата премиери изразија цврсто уверување дека и во иднина традиционално пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се интензивираат во сите области од взаемен интерес, вклучително и во економијата како област со огромен потенцијал. Премиерот Груевски го покани својот колега Нетанјаху да ја посети Република Македонија.

Премиерот Груевски согласно традициите и воспоставените практики на Државата Израел при ваквите официјални посети, оствари средба и со лидерот на израелската опозиција, Исак Херцог. На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми и области кои би можеле да бидат од заеднички интерес за пријателството меѓу двете држави. /крај/мф/ап/

 

 

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија2 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет3 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија3 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија3 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија4 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет4 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија16 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија16 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ17 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија17 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија19 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија21 час

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ21 час

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија23 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија23 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија24 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија24 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија1 ден

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...