Црна хроника
Велешанец со камион се обидел да прегази полицаец
Четириесет итригодишен велешенец се обидел да прегази полицаец, откако претходно било запрено товарно возило „ман“ од полицијата заради контрола.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во вторникот околу 19,00 часот во атарот на Башино Село-велешко, после мостот на реката Вардар, кога З.Т.(43) од Велес извршил предизвикување општа опасност, така што откако претходно неговиот камион натоварен со песок, а управувано од Л.Л.(54) од Велес, било запрен од страна на полициски службеници.
З.Т. спротивно на наредбите на полициските службеници влегол во возилото и песокот го истурил, по што се обидел да го прегази полицискиот службеник. Со кренат кипер З.Т. закачил телефонските жици кои се искинале и се искршиле три дрвени бандери, а потоа се упатил на локалниот пат Велес-Башино Село на начин што ги загрозил и другите учесници во сообраќајот.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

