Македонија
Заев со австрискиот амбасадор Вуцас: Австриската поддршка е константна
Австриската поддршка е константна и очекувано е остварувањето европските интеграции на Северна Македонија како стратешки интерес. Ваков е заклучокот од средбата што денеска ја остварија претседателот на Владата, Зоран Заев, и новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во нашата земја, Георг Вуцас.
На средбата исклучително позитивно и пријателски беа оценети билатералните политички односи меѓу двете земји и беше посебно истакната економската соработка која се одвива со интензивна динамика.
Премиерот Заев изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Австрија за процесот на проширување и напорите кои се прават за вклучување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
„Австрија е еден од најголемите наши поддржувачи во европските интеграции и наш врвен економски партнер“, истакна премиерот Заев.
Двајцата соговорници констатираа дека Северна Македонија постигна конкретни резултати во спроведувањето на реформите, нема отворени прашања со соседите, со кои заеднички придонесува за поголема безбедност, стабилност и сигурност во регионот.
Беше заклучено дека остварувањето на евро-атлантските аспирации на Северна Македонија ќе придонесе за подобрување на економската состојба на граѓаните и ќе создаде услови за зголемување на интересите и инвестициите на странските компании.
Премиерот Заев и амбасадорот Вуцас изразија задоволство од можноста за давање личен придонес во продолжувањето на традиционалното пријателство меѓу Северна Македонија и Република Австрија, како и за продолжување на австриската поддршка на патот за остварување на европската перспектива на нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

