Македонија
(Видео) Манчевски од Валандово: Она што го вети СДСМ во програмата е исполнето во согласност со роковите

Успеавме за 2,5 години да ја зголемиме минималната плата, да ги покачиме платите во јавната администрација и тоа го ветуваме – ќе продолжиме со двојно повеќе работа, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на граѓанската трибина со мото „На прав пат“ во Валандово.
„Она што го ветивме – парите кај граѓаните, го правиме и го исполнивме во рокови. Првите пари од проектот ‘Мој ДДВ’ набргу ќе легнат на сметките кај граѓаните. Тоа се пари од државата, никогаш порано се нема случено преку ваков проект пари да завршат кај граѓаните. Минималната плата денес е 14.500 денари. Тоа значи за 5.5000 повисока пред 2,5, години. Ние сме левичари, нашата цел е да им помогнеме на граѓаните, на работниците, на ранливите групи. Со сите овие мерки просечната плата сега е над 25.000 илјади денари, а социјаната помош е зголемена 300 отсто, рече Манчевски.
Посветено работиме за просечна плата од 30.000 денари до крајот на 2020 година. истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на граѓанската трибина со мото „На прав пат“ во Валандово.
Манчевски додаде дека за 2,5 години отоврени се над 54 нови илјади работни места, пред сè, во приватниот сектор, а невработеноста е намалена на најниски 17,5 отсто“ порача Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.