Македонија
(Видео) Заев: Да ги почитуваме, чуваме и негуваме разликите на секоја заедница
Денот на азбуката се смета за еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ, ден кога албанското писмо преку унифицирање и стандардизирање на азбуката стана рамноправен дел од модерното-формираните европски писма и дел од разноличното светското културно наследство, истакна премиерот Зоран Заев на свечената академија по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука.
„ Сведоштво за важноста на „Конгресот во Битола“ – “Kongresi i Manastirit”, освен големиот број на делегати и албански интелектуалци, се и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола, каде се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо. Поставката се состои од 56 фотографии и повеќе од 230 дигитални и хартиени документи, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енџели од 1462 година.
Оваа година се навршуваат и 50 години од објавувањето на читанките за настава на унифицираниот, стандарден албански јазик. Јазикот и писмото, како најсилни основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, образование и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна.
Во таа насока наша должност и одговорност не е само да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, туку да го искористиме тој потенцијал за да се воспостави комуникација, разбирање, толеранција и заедништво.
Одбележувањето на културните традиции, датуми и духовни наследства на другиот, придонесува кон градење на едно и единствено општество, за сите, со проевропска и просперитетна иднина.
Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво. Нека ни е честит Денот на албанската азбука“ порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

