Македонија
Дураки: Албанскиот јазик опстана илјадници години, но беше пишуван со различни азбуки
Во текот на 19 и почетокот на 20 век, на Балканот исполнет со големи политички турбуленции, албанските преродбеници ја ставија над сите приоритети: унификацијата на пишувањето на албанскиот јазик. Нашиот древен јазик опстана илјадници години, но беше пишуван со различни азбуки и тоа не можеше да продолжи на неодредено време. Во тоа време непријателите на Албанците се обидуваа да нè отуѓат, тврдејќи дека некои се Турци, некои Грци и така по ред. Овој пат беше пат покриен со крв, со невидени страдања. Како ретко кој народ на земјата, Албанците беа одлучни во одбраната на својот јазик, истакна Вицепремиерот Дураки по повод Денот на албанската азбука.
„Здружението “Башкими” од Битола, кое беше центарот на националната активност, го презеде обединувањето на албанските интелектуалци од 23 града, од сите вилаети. Делегацијата се состоеше од Албанци од различни религии: муслиманска, католичка, протестантска православна – кои ги обединуваа албанскиот јазик и албанската азбуката.
14 ноември 1908 година беше денот кога започна Битолскиот Конгрес, а следните 8 работни дена, од 14 до 22 ноември, е периодот кога се реализира сонот за Азбуката. Конгрес беше одраз на засиленото интелектуално ниво во тоа време. Покрај азбуката, имало и политички одлуки кои и се познати на историјата.
На 36-те златни букви, и по унификацијата, не им беше лесно да преживеат, бидејќи албанските училишта, паралелно со судбината на нацијата, помина низ тешки времиња и по независноста на Албанија во 1912 година, продолжувајќи и до модерните времиња.
Пред само 31 година, училишта на албански јазик беа затворени во името на идеологијата на мешани паралелки, во 1988 година. Искрено се надевам дека сите сме научиле од минатото. И да не заборавиме, ние секогаш зборуваме за основното право: употребата на мајчиниот јазик.
Отворањето на 3 универзитети на албански јазик во нашата земја, зборува многу за промените што се случија. Затоа, предрасудите и стравот од албанскиот јазик на оние што сè уште имаат дилеми, е несоодветен. Никој не е загрозен од јазикот на другиот.
Мултиетничка држава подразбира и употреба на различни јазици. Не на штета на другите јазици, туку како културна вредност што го збогатува општеството. Јазикот треба да биде клучен елемент на соработка помеѓу етничките заедници, бидејќи тој е основен елемент на идентитетот на нацијата. Токму поради оваа причина, ние како Влада на Република Македонија, по менување на Законот за јазиците, сме решени во неговата примена. Агенцијата за употреба на јазиците и Инспекторатот за јазици се институции кои ќе помогнат во овој поглед.
Почитувани учесници,
Богатството на оваа земја е диверзитетот. Сите треба да имаме корист од оваа прекрасна можност. Присуството на членови на Владата на оваа манифестација нè поттикнува уште повеќе, затоа што е јасен сигнал по кој пат оди нашата земја.
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе продолжи да работи на унапредување на сите јазици на етничките заедници кои живеат во оваа земја. Нашите меѓународни пријатели се многу добредојдени и потребни за да го поддржат овој процес.
111 години по Битолскиот Конгрес ги славиме и ги почитуваме сите оние што го одржуваа овој јазик жив со векови. Ние, исто така, ја покажуваме нашата решеност да го сочуваме и развиваме ова големо богатство, не само ние како Албанци, туку и светските институции“ рече Дураки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.