Европа
Три ипол години затвор за соосновачот на Pirate Bay
Еден од соосновачите на интернет страницата Pirate Bay, Швеѓанецот Готфирд Свартхолм Варг осуден е на три ипол години затвор во најголемиот судски рпоцес за информатичко пиратство во Данска.
Свартхолм Варг (30) во четвртокот беше прогласен за виновен за пиратство и нанесување на штета. Јавниот обвинител побара шест години затвор за него и две години за другиот обвинет, 21-годишен Данец кој доби шестмесечна затворска казна.
Судот ја образложи казната од три пол години затвор со фактот дека „пиратството биле системско, интензивно и траело извесно време. Покрај тоа, биле преснимени големи количини на многу чувствителни лични податоци.
Двајцата обвинети во 2012 година незаконски превземале датотеки на полицијата и на осигурителните компании.
Швеѓанецот ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека некој далечински ја презел контролата над неговиот компјутер и на тој начин пристапил до датотеките.
Варг во 2013 година беше екстрадиран во Шведска каде отслужи казна затвор од една година поради упад во информатичкиот систем на кооперантите на даночната управа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Фицо: Размислуваме за возвратни мерки доколку Украина го запре протокот на руски гас
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, рече дека земјата ќе размисли за реципрочни мерки против Украина, како што е прекинување на резервната испорака на електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев го запре транзитот на руски гас за Словачка, според очекувањата.
Словачка се обидува да го задржи рускиот гас преку Украина до 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва кој истекува на крајот на годината.
Фицо тврди дека алтернативните рути нагло ќе ги зголемат трошоците и ќе ги погодат словачките транзитни операции, предизвикувајќи загуба од 500 милиони евра во такси. Во денешната видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо го повтори своето мислење дека прекинот на гас преку Украина ќе има негативно влијание врз Европската унија и нејзината конкурентност.
Тој ги наведе проценките дека трошоците за Унијата би можеле да достигнат 120 милијарди евра во периодот од 2025 до 2026 година поради повисоките цени на гасот и производството на електрична енергија. Тој ја препиша вината на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого имаше јавна полемика минатата недела.
„По 1 јануари ќе ја процениме ситуацијата и можностите за реципрочни мерки против Украина. Доколку стане неизбежно, ќе го прекинеме снабдувањето со електрична енергија на Украина“, рече Фицо во видеото.
Украина објави дека од 1 јануари ќе го запре протокот на руски гас низ нејзината територија. Словачка тврди дека овој потег нема да влијае на потребите на нејзините потрошувачи поради капацитетот за складирање, додека главниот купувач на гас во земјата, компанијата „СПП“, има договори за купување гас од извори надвор од Русија.
Европа
(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус
Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.
A topless woman attempted to steal a figurine of Jesus in the Vatican The incident took place at St. Peter's Square
A Femen activist climbed over a barrier and tried to take the figurine from the Nativity scene. Security personnel detained the woman. Femen explained that the… pic.twitter.com/ItYppMbRva
— NEXTA (@nexta_tv) December 27, 2024
Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.
Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.
Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.