Црна хроника
Пријавени кражби во цркви во кумановски и штипско, во Велс ограбена аптека
Саботниот билтен на министерството за внатрешни работи, за среќа е „тенок“. Повторно на мета на провалниците се необезбедените селски цркви, овојпат со слаб плен во пари и зејтин, а во Велес е ограбена аптека.
Во кумановската полиција е пријавено дека во периодот од 14-ти до 18-ти јануари, во Ново Село, кумановско во црквата „Св.Никола“, непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел околу 15 илјади денари и пет литри зејтин, откако насилно ја отворил влезната врата на црквата.
Ноќта меѓу четвртокот и петокот, исто така, засега непозната провалник, во селото Сарчиево, штипско во црквата „Света Петка“,украл околу шест илјади денари. Како што е утврдено со увидот, крадецот се прекачил преку металната порта, влегол во кругот на црквата, а потоа насилно и најверојатно со алат што го носел со себе ја отворил помошната метална врата на црквата, влегол внатре пребарувал и откако ги одзел парите, заминал во непознат правец.
Во Велес, пак, во петокот доцна попладне, по 18,45 часот на улицата „Димитар Влахов“ во аптеката „Цитофарм“, непознат арамија со закана со нож од сопственичката одзел околу пет илјади, по што избегал во непознат правец./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

