Регион
Австрија воведе рестрикции за имигрантите, Словенија ќе решава во четврток, Србија ќе ја следи
Австрија во средата ги воведе рестрикциите за приемот на бегалците и имигрантите од Словенија, па во иднина ќе прима помал број имигранти отколку досега, на што веќе реагираше шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец најавувајќи реципрочни мерки на границата со Хрватска со тоа дека владата ќе решава во четврток, а српскиот министер за руд и социјални грижа Александар Вулин порача дека преку територијата на Србија од средата може да минуваат само имигрантите коишто ќе изразат намера да побараат азил во Австрија и Германија, и за таквите мерки ја известила Македонија.
Со мерките кои ги прифати во средата австриската влада одлучи дека во иднина од Словенија ќе прима само бегалци на коишто може да им се утврди идентитетот, оние кои имаат намера да побараат азил во Австрија или Германија и луѓе без криминално минато или кои не претставуваат безбедносен ризик, а лимитиран е и бројот на азилантите кои ќе бидат примени до 2019 година, на најмногу до 1,5 отсто од вкупното население на Австрија. Во земјата, исто така, ќе бидат пуштани само бегалците од загрозените региони, а не и економските имигранти.
Австриската влада одлучи дека оваа 2016 година ќе прими најмногу 37.500 барања за азил, а до средината на 2019-та вкупно 12,7,500, и нивниот вкупен број не смее да ја надмине границата од 1,5 отсто од вкупното население.
Мерките целосно ќе започнат да се применуваат од февруари, а одвојувањето на бегалците од економските имигранти започна веќе во средата. По 12 часот на австриската страна од граничниот премин Шентиљ/Спелфелд е пропуштена првата грума имигранти според новите правила, со засилена контрола на багажот и на документите, а и со забележително зголемено присуство на полицијата, додека границата во близина ја чуваат австриски војници, пренесуваат агенциите.
Портпаролот на австриската полиција Фирц Грундниг изјави дека во средата во Спелфелд било најавено доаѓањето на 500 имигранти, додека најголемиот дневен прилив ќе биде 1.000, а со словенечката страна е договорено преминувањата да се одвиваат во групи од по 50 лица.
Како резултат на тоа, повеќе словенечки функционери, вклучително и премиерот Миро Церар, последните денови изјавуваа дека Словенија во зависност од новите австриски мерки кон имигрантите, веднаш истите мерки пропорционално ќе ги примени на својата граница со Хрватска, за да се намали миграцискиот бран во Европа се намали или запре. Притоа постои стравување дека Словенија може да се претвори во „џеб“ во кој би останале илјадници имигранти, чие минување Австрија нема да го одобри или ќе ги врати.
Словенечката опозиција критикува дека владата е самата виновна за настанатата ситуација оценувајќи дека земјите северно од неа дефакто ја исфрлаат Словенија од Шенгенскиот простор и тврди дека шенгенските правила според кои во земјите на Шенген не можат да влезат лица од трети земји без документи и шенгенска виза, која е предвидена за редовна состојба, но не и за вонредна како сега.
Премиерот Церар во петокот на Брдо крај Крањ на заедничката седница на владите на Словенија и Унгарија, ќе разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Најавено е дека иако фокусот на разговорите требаше да биде на економската соработка и инвестициите, ќе биде разговарано и за начините за решавање на бегалската криза.
Србија ќе ги следи австриските мерки, најави во средата попладнето министерот за труд Александар Вулин. Истакна дека имигрантите кои барат да одат во други земји и кои својата намера за азил сакат да ја изразат на територија на друга држава, нема да можат да минат преку териториите на Хрватска, Словенија, Австрија, како и Германија.
„Од денеска, врз основа на австриската влада која ни е доставена со посредство на владите на Словенија и на Хрватска, имигрантите нема да можат да го продолжат патувањето ако не изразиле намера да побараат азил на териториите на Австрија и на Германија“, истакна Вулин за новинарите. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Нѐ очекува најдобрата година во историјата на Србија
Александар Вучиќ се обрати до јавноста и рече дека верува оти следната година ќе биде најдобра за Србија, како и дека „сè додека е тој на чело на земјата, речиси и да нема шанси да има воени конфликти“.
Во Националниот дневник, Вучиќ зборуваше за итните прашања, предизвици со кои се соочува Србија и можните решенија.
– Имам две мали, не се толку мали, но не се најзначајни, релативно добри вести за граѓаните на Србија. Лукоил доби продолжување на лиценцата до 26 април, што значи дека 112 пумпи во Србија, од кои 11 се во Белград, останатите се во други делови на Србија, ќе можат да функционираат со нафтени деривати увезени од странство, а не само од НИС. Другата вест е дека Србија нема да има проблеми со гасот, ние нема да имаме проблеми со гасот до летото, а тоа е добра вест за граѓаните.
– Тие очекуваат нашите банки целосно да ги следат и одржуваат трансакциите за плаќање, кои веќе ги држиме на сопствен ризик 55 дена и, како што реков, ќе ги држиме уште некое време.
– Американската логика е да го однесат своето до крај, без оглед на цената што ќе ја плати Србија, а руската логика е исто така да го однесат своето до крај.
Енергетска безбедност
– Ќе има безброј проблеми. Дали знаете кој прв ја прекина соработката со НИС кога беа воведени санкциите? Руската компанија Лукоил. Тие беа првите што ја прекинаа соработката со НИС и кинеската компанија. Но, добро, ние постојано разговараме со сите, и со едниот и со другиот.
– Со полесни или потешки решенија, Србија ќе мора да има целосна енергетска безбедност. Тука нема филозофија, затоа се обидуваме, се бориме и работиме. Чекаме да видиме, се надеваме дека ќе го финализираат тој договор со некои од потенцијалните купувачи.
Државата е секогаш виновна
– Горд сум на Србија. Во нашата земја, средното име за секоја пцовка е секогаш земјата, не сметајќи го она „Вучиќ“. Бидејќи секогаш е виновна државата, без разлика колку ни помага, обезбедува бесплатен или најевтин транспорт, сè што можете само да сонувате во други земји. 55 дена, ниту една капка нафта не стигна до нас преку цевководот. Горд сум на Србија. Кога сето тоа ќе се случи и сè уште немате никакви проблеми, бидејќи зборував за 1.000 технички проблеми, тогаш морам да бидам горд на мојата земја. Немаме проблеми со резервите, плативме сè, стотици милиони евра некој мораше да плати.
– Во најтешки услови, успеавме да ја намалиме инфлацијата, драматично да ги зголемиме пензиите, веќе од 1 декември, и сето тоа го направивме. Горд сум на земјата. Имаме многу проблеми, знам колку повеќе можам да работам, но ете.
Србија може да издржи до 15 март
– Им реков на граѓаните „Знам дека можеме да издржиме до 15 март“. Сигурен сум дека Русите ќе се договорат, бидејќи ми се чини дека би било нормално тие да ја разберат позицијата на Србија, ние не се придруживме на казнените мерки на никаков начин, ние сме единствените што не се придруживме. Очекуваме да го сторат тоа. Ако мислите дека можеме да живееме без нафта, тоа е невозможно.
– Морам да се однесувам одговорно кон сите во светот, но она за што луѓето не треба да се грижат, што ќе се случи е дека ако Србија има доволно нафта, бензин, дизел, керозин, мазут, доволно од сè, тоа сигурно ќе биде случај. Ние добиваме нафта од Медитеранот, но мора да знаете многу, државата не е играчка, мора да се справите со секој детаљ за да им ја кажете вистината на луѓето. Нашиот раст ќе забави и ќе има малку помали зголемувања на пензиите и платите ако не го решиме ова брзо, затоа рековме 15 март. Луѓето знаат дека никогаш не сум ги излажал и лажел. Верувам дека следната година ќе биде најдобрата година во нашата историја, што се однесува до промената на лицето на Србија, верувам дека ќе биде најдобрата во нашата историја. Но, мора да работиме напорно и да се бориме, ќе има многу тешки одлуки што ќе треба да ги донесеме, вели Вучиќ, според српските медиуми.
Фото: ЕПА
Регион
Полицаец избоден во Сплит, приведен 18-годишник со психички проблеми
Полицаец е тешко повреден синоќа во Сплит, во период во којшто не бил на должност. Како што соопшти полицијата во Хрватска, нападот се случил околу 22:45 часот, а полицаецот, кој бил во цивилна облека, бил повреден од остар предмет. Околу 23:15 часот, тој бил пренесен во КБЦ Сплит, каде што му била укажана лекарска помош, пренесе „Индекс“.
Имено, тој претрпел повеќекратни убодни рани и тешки повреди на неколку органски системи, а извршена е и обемна медицинска помош. Неговиот живот е во опасност.
Како што неофицијално дознава Индекс, 18-годишен млад човек со сериозни ментални проблеми моментално е под полициски надзор. Една од теориите што ги имаат истражителите е дека тој го избрал полицаецот како жртва сосема случајно.
Полицијата испрати порака за поддршка до повредениот колега и неговото семејство.
„Се надеваме дека нашиот колега, со помош на докторите, ќе се опорави, мислиме на него, стоиме покрај него и неговото семејство во овие тешки моменти“, рекоа тие.
На местото на нападот е спроведена истрага.
Регион
Пленковиќ: По Хрватска, можеби е време некој друг да ѝ се приклучи на ЕУ
За разлика на претходните европски комисии, сегашната има вистинска политичка волја за проширување на Европската Унија, изјави денес во Загреб хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ додавајќи дека е можна некаква одлука до 2030 година ако некои кандидати се технички подготвени.
„За разлика од Комисијата на (Жан-Клод) Јункер или првиот мандат на Урсула фон дер Лајен, кога не чувствував искрена политичка волја во центарот на политиката во Брисел за постигнување проширување за која било земја кандидат, овој пат морам да признам дека атмосферата е малку поинаква“, рече Пленковиќ на Вториот годишен самит на Хрватска.
„Можеби е време некој друг да ѝ се приклучи по Хрватска“
„Овој пат можеме да ја почувствуваме политичката волја во извршната власт на ЕУ, дури и кај повеќето земји членки, дури и кај големите, дека можеби е време некој друг да ѝ се приклучи по Хрватска, која се влезе на 1 јули 2013 година“, додаде Пленковиќ.
Комисијата би сакала да отвори преговарачки кластери со Украина и Молдавија до крајот на оваа година. Сепак, земјите членки одлучуваат за ова едногласно. Досега нема таква едногласност бидејќи Унгарија остро се спротивставува на членството на Украина во Унијата, анализираат медиумите.
Хрватскиот премиер потсети дека постојат две групи земји кандидатки: Украина и Молдавија во едната група, а земјите од Југоисточна Европа и Западен Балкан во другата група, и ја посочи Црна Гора како лидер. „Мислам дека би можеле, ако успеат да бидат технички подготвени, да имаме политичка одлука за некои пред 2030 година“, рече Пленковиќ.
Сепак, тој ги повтори своите тврдења дека апсорпцискиот капацитет на блокот ќе биде клучен за динамиката на проширувањето осврнувајќи се на четвртиот Копенхашки критериум од 1993 година, кој се однесува на буџетските трошоци за проширување и на влијанието на новите членки врз односите меѓу земјите што придонесуваат и оние што го користат.
„Речиси 80 проценти од европскиот буџет, всушност, го полнат 10-те најбогати земји на Унијата, а приближно 20 проценти одат за сите други односи. Побогатите земји, основачите, големите силни економии, не се нужно возбудени што помалите земји, кои многу малку придонесуваат, седнуваат на маса и во суштина одлучуваат за главните политики еднакво, особено кога станува збор за прашања каде што е потребна едногласност“, рече премиерот.
Тој потсети дека Германија, Франција и Италија еднаш се откажаа од двајца комесари во Комисијата во корист на проширувањето.
„А сега тие имаат ист број влијателни луѓе како и земјите што многу малку придонесуваат. Затоа процесот на донесување одлуки и буџетските импликации се во срцето на процесот на проширување“, објасни тој.
Фото: ЕПА

