Регион
(Видео) Снимки од моментот кога Албанија ја погоди страотниот земјотрес
Снимки од видеокамери поставени за набљудување кои се појавија на социјалните мрежи го покажуваат страотниот момент на земјотресот во Албанија, кој разно изутрината ги вознемири тамошните жители, но и во околните земји.
DEVELOPING: Surveillance video captured the moment a pre-dawn magnitude 6.4 earthquake rumbled through Thumane, Albania, followed by powerful aftershocks; at least 16 are dead and hundreds injured with a search for survivors as several buildings collapsed. https://t.co/t2EGtBxEFt pic.twitter.com/EISerRhoag
— World News Tonight (@ABCWorldNews) November 26, 2019
Во земјотресот со јачина од 6.4 степени загинаа најмалку 16 лица, а повредени се повеќе од 600 лица. Спасувачи од Балканот се приклучија во акцијата за потрага по преживеани, под зградите и објектите кои се урнаа при силниот потрес.
Another video showing the power of an #earthquake in a market in #Durrës, #Albania. – @LastQuake #PrayForAlbania pic.twitter.com/0nns61DV4D
— Xhildinho Z (@xhildinho) November 26, 2019
Земјотресот со јачина од 6,4 степени се почувствува низ јужниот дел на Балканот и беше проследен со повеќе земјотреси, а некои од нив беа со јачина над 5 степени.
Попладнево, околу 14:05 часот, Албанија беше погодена од уште еден земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала, со епицентар на ‘ртот Родон. Овој земјотрес најмногу се почувствувал во Драч и Тирана.Повеќе држави од Европа и регионот се подготвени да ѝ помогнат на Албанија во санирањето на последиците од серијата земјотреси, а во земјата веќе пристигнаа 52 лица за вонредни ситуации од Романија и 40 припадници на косовските безбедносни сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна, власта сака работа и просперитет за сите граѓани
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ денеска изјави дека претставниците на опозицијата кои вчера направија бунт во Народното собрание сакаат граѓанска војна, а владејачката коалиција, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ сакаат работа и просперитетот на Србија со цел подобрување на стандардите на сите граѓани на Србија.
Брнабиќ за РТС изјави дека штетата направена вчера во Народното собрание ќе чини многу, и таа ќе се потруди целата да ја сноси опозицијата на чело со Драган Ѓилас.
„Разбирам дека бегаат да зборуваат за буџетот. Србија во првите девет месеци од оваа година е најбрзо растечка европска економија. Првиот пат кога зборуваме за буџетот имаме инвестициски рејтинг, во нивно време БДП беше 33 милијарди евра, а на крајот на годината ќе имаме повеќе од 80 милијарди, додека целта е до 2027 година, благодарение на паметната политика што ја води Александар Вучиќ, да имаме повеќе од 100 милијарди евра“, рече Брнабиќ.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.
Регион
(Видео) Тепачка во српскиот парламент
Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.
Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока расправија, пишуваат тамошните медиуми.
Пратениците од опозицијата им извикуваа „убијци, убијци“ мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на натстрешникот на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.
Според написите, тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.