Европа
Камерон од Словенија порача дека реформите на ЕУ се во полза на сите

Британскиот премиер Дејвид Камерон престојуваше во четвртокот вечерта во Словенија, каде што на Брдо кај Крањ разговараше со домаќинот Миро Церар за да му ги претстави реформите на Европската унија која неговата влада, којашто најави референдум за останување или излегување на Велика Британија од Унијата, им ги предлага на другите земји членки.
предлага на другите земји членки.
Дејвид Камерон е воопшто првиот британски премиер кој ја посетил Словенија, а по срдбата со словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека лично му ја претставил својата визија за неопходните европски реформи и дека тие реформи би биле од полза за сите во Европската унија.
„Британските предлози се клучни, не само за Велика Британија, туку може да им користат на сите членки, изјави Камерон, и се заблагодари на срдечниот прием во Словенија и ја пофали многу добрата меѓусебна политичка и економска соработка.
Церар во кусата изјава за медиумите рече дека сите челници во ЕУ, а не само Камерон, се свесни дека пред европската интеграција стојат големи предизвици и за неопходноста од големи промени за ЕУ и натаму да се развива.
„Словенија сака успешна, меѓусебна поврзана и единствена Европска унија, барем во клучните елементи, а во прв ред ЕУ во којашто Велика Британија ќе биде значајна членка. Затоа сметаме дека со Велика Британија и натаму ќе ја градиме европската заедница за доброто на сите европски граѓани“, истакна Церар,/крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.