Македонија
Хан: Големата стратегиска грешка на Макрон за Скопје и Тирана може да се поправи
Одбивањето на францускиот претседател, Емануел Макрон, да бидат отворени пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е голема стратегиска грешка, која сè уште може да се поправи, оценува досегашниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, кој во новиот состав на Европската комисија од сега го презема комесарското место за буџет и администрација.
Тој во изјава за весникот „Ханделсблат“ предупредува на негативните последици што може да ги предизвика противењето на Париз да се отворат вратите на ЕУ за Скопје и Тирана.
„Желбата за реформи и имплементација се намалува во сите земји од Западен Балкан. Кредибилитетот на ЕУ е загрозен, а дополнително се поткупуваат и проевропските политички сили во регионот“, истакнува Хан. Тој повикува на брзо поправање на штетата од француската блокада и се надева дека тоа ќе се случи уште во првиот квартал следната година.
„Кредибилитетот може да се врати ако ЕУ многу бргу постигне заедничка позиција за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. На сите шест земји од Западен Балкан мора да ми се даде европска перспектива, а тоа е во интерес и на ЕУ“, вели Хан.
За понудениот нон пејпер од Франција, смета дека дел од неговата содржина веќе е имплементиран во земјите од Западен Балкан, на пример, во владеењето на правото и реверзибилност на процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

