Контакт

Свет

Намалена стапката на невработеност во САД

Објавено пред

Американските работодавачи отвориле во октомври 214.000 нови работни места, а стапката на невработеност се спушти на ново најниско ниво за шест години, од 5,8 отсто, и покрај влегувањето на поголем број на лица на пазарот на труд, објави во петокот американското министерство за труд.

dobivaj vesti na viber

 

 

Со тоа продолжи солидното темпо на вработување во најголемата светска економија, во која во изминатите девет месеци бројот на нето отворени работни места редовно надминуваше 200 илјади.

 

Министерството воедно ги ревидираше податоците за август и септември, кои сега покажуваат дека во тие два месеца вкупно биле отворени 31.000 работно место повеќе од првичната проценка.

 

Охрабрува и благото зголемување на стапката на партиципација, на 62,8 отсто, додека стапката на вработеност достигна највисоко ниво од 2009, од 59,2 отсто.

 

Во октомври работодавачите во приватниот сектор отвориле 219.000 работни места, со тоа што најмногу вработувања имало во производството и градежниот сектор. Во рамки на подготовките за сезоната на празничен шопинг засилено вработување имало и во секторот малопродажба, ако и во угостителството и патувањата.

 

Во јавниот сектор во минатиот месец биле отворени 5.000 работни места. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад

Објавено пред

По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.

„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.

Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.

Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.

Прикажи повеќе...

Економија

Јавниот долг на Франција за првпат се изедначува со грчкиот

Објавено пред

Франција за првпат ги изедначи трошоците за задолжување на Грција, со висок јавен долг и слабо балансирање на владата меѓу незадоволството на граѓаните и крајниот рок за усвојување на буџетот за следната година.

dobivaj vesti na viber

Во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, трошоците за задолжување на Грција, мерени преку приносот на 10-годишните државни обврзници, беа за 37 процентни поени повисоки од приносот на француските обврзници со таа рочност, потсетува Ројтерс.

Приближно 12,5 години подоцна, приносите на долгорочниот грчки долг се движат околу три отсто и се само 0,02 процентни поени повисоки од приносите на францускиот долг.

Грција и натаму е членка на еврозоната со највисок јавен долг, мерено како удел во БДП, од 163,6 отсто на крајот на јуни. Во меѓувреме, Франција се доближи до неа и го зазеде третото место на скалата „должник“, со јавен долг од 112,2 отсто од БДП.

 

Прикажи повеќе...

Економија

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“

Објавено пред

Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од Фондацијата „Бертелсман“.

dobivaj vesti na viber

Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници, без дополнителни имигранти, ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милион. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од Фондацијата „Бертелсман“.

„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето што веќе се преселиле тука и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не може да се задоволат само на овој начин“.

Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година нема да бидат еднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостигот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ10 часа

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија13 часа

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет14 часа

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија19 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија20 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет21 час

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет21 час

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија1 ден

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија1 ден

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија2 дена

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија2 дена

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија2 дена

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија2 дена

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет2 дена

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет2 дена

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет2 дена

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет2 дена

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...