Контакт

Свет

Уапсениот бизнисмен за убиството на новинарката нуди информации што водат до премиерот на Малта

Објавено пред

Угледниот бизнисмен од Малта, Јорген Фенех, се понуди да сведочи против високи претставници од владата во случајот за убиството на новинарката Дафне Каруан Галиција. Тој исто така изјавил дека и премиерот на Малта има судир на интереси во тој случај.

dobivaj vesti na viber

Адвокатот на бизнисменот Фенех доставил до судот писмо за претседателот Џорџ Вела во кое го молат за помилување, а за возврат ветува дека на судот ќе му даде информации поврзани со поранешниот шеф на кабинетот на премиерот, Кит Шембри, ексминистерот за туризам, Конрад Мици, и министерот за економија, Крис Кардон, и други луѓе блиски до премиерот, пренесува „Ројтерс“.

Адвокатот на Фенеха, кој е уапсен минатата недела во врска со убиството, изјави дека премиерот Џозеф Мускат не би требало да биде вклучен во одлуката за помилување зашто тој е меѓу лицата што можеби имале интерес помилувањето да не се одобри. Според него, судијата треба да одлучи за помилувањето, без мешање од кабинетот на Мускат.

Галиција беше убиена со активирање бомба во нејзиниот автомобил во близина на нејзината куќа, а за поставување на бомбата обвинети се тројца мажи, но властите засега не успеаја да откријат кој ги поставил.

Фенех, еден од најбогатите граѓани на Малта, ѝ рекол на полицијата дека Шембри е мозокот на организацијата на убиството. Шембри е пуштен од притвор синоќа и не дал изјава за медиумите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија синоќа започнала масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи 18 ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 дронови за напад.

dobivaj vesti na viber

„Оваа ноќ, Русија започна масовен комбиниран напад кој траеше речиси десет часа. Осумнаесет ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 дронови за напад, од кои речиси 200 се од типот „шахед“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесува Укринформ.

Според него, главна цел на нападот бил главниот град и регионот Киев, додека биле нападнати и регионите Чернигов, Суми, Полтава, Кировоград и Харков. Во нападот врз Киев, две лица загинале, а 16 биле повредени, рече Зеленски.

„Ова е очигледна ескалација на теророт од страна на Русија: стотици „маченици“ секоја вечер, постојани напади, масовни напади врз украински градови. Ова значи дека е потребно забрзување. Мора да бидеме побрзи со санкциите и да извршиме притисок врз Русија за да ги почувствува последиците од својот терор“, истакна тој.

Како што изјави претседателот на Украина, „партнерите мора да бидат побрзи со инвестициите во производство на оружје и развој на технологија“.

Тој, исто така, најави преговори со партнерите.

„Денес ќе разговарам со партнерите, за дополнително финансирање за производство на пресретнувачки беспилотни летала и снабдување за воздушната одбрана на Украина. Задачите се апсолутно јасни. Мора силно да одговориме на ваквите руски напади. Токму така ќе одговориме“, предупреди Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Драстичен пад на производството на вотка во Русија, граѓаните се префрлаат на рум, виски и текила

Објавено пред

Производството на жестоки пијалоци во Русија е во пад, дури и кога податоците покажуваат дека Русите пијат повеќе жестоки пијалоци од кога било досега. Руската Федерална служба за регулирање на пазарот на алкохол претходно оваа недела објави дека производството на жестоки пијалоци се намалило за повеќе од 16 проценти во првата половина од 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Официјалните податоци покажуваат дека производството на вотка во Русија се намалило за 10,9 проценти на годишно ниво, од 33,40 милиони декалитри (10 литри) во 2024 година на 31,38 милиони декалитри во истиот период во 2025 година, објавува Политико.

Легендарниот руски пијалок служел како национална валута некое време во 1990-тите и до ден-денес останува прославен дел од културниот идентитет на земјата. Сепак, додека производството е во опаѓање, потрошувачката на алкохол е во пораст.

Русите пиеле повеќе во 2024 година отколку во слични периоди во изминатите осум години. Сè повеќе луѓе претпочитаат рум, виски, коњак и текила, објави руската ревизорска фирма „Финекспертиса“ во мај.

Во исто време, рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Русите пијат помалку, велејќи дека сè повеќе и повеќе од нив претпочитаат спорт. Продажбата на гореспоменатите алкохолни производи се зголеми за 10,2 проценти на 3,2 литри по глава на жител годишно, надминувајќи ја потрошувачката на вотка во некои региони. Сепак, вотката останува најпопуларниот пијалок во целата земја, со удел од 60 проценти од вкупната годишна продажба.

Падот на производството на вотка во Русија се должи на зголемувањето на цената на алкохолот и забраната за извоз на алкохолни пијалоци во ЕУ, САД и други земји поради западните санкции. Забраната значително ги намали приходите од извоз за руските производители на вотка, објави државната служба за контрола на квалитетот на производите во Ростовскиот регион во јуни, повикувајќи се на податоци од консултантската агенција „Стратеџи партнерс“.

Прикажи повеќе...

Свет

Пилот на лет за Аргентина прогласил вонредна состојба: патниците биле во воздух 20 часа

Објавено пред

Летот од Франкфурт до Буенос Аирес се претвори во драма откако неповолните временски услови во аргентинската престолнина спречија неколку обиди за слетување, а патниците на Боингот 747-8 поминаа речиси 20 часа во авионот. Густата магла во Буенос Аирес предизвика слаба видливост, принудувајќи го екипажот на летот да направи две кружни рути над градот пред да го напушти слетувањето, пишува списанието Fenix.

dobivaj vesti na viber

Авионот потоа беше пренасочен кон Асунсион, главниот град на Парагвај, оддалечен повеќе од 1.500 километри. По кратко запирање, следеше уште еден обид за враќање во Буенос Аирес, но маглата сепак не дозволи безбедно слетување. Во меѓувреме, и екипажот и патниците беа сè повеќе исцрпени.

Во истиот утрински период, според достапните информации, и други авиони се најдоа во слична ситуација, при што дури 30 летови беа принудени да ја променат планираната рута и да го откажат слетувањето во Буенос Аирес, според медиумот.

Бидејќи количината на гориво се приближуваше до минималната граница, а максималното дозволено работно време на екипажот истекуваше, капетанот одлучи да прогласи вонредна состојба преку меѓународниот повик „Мејдеј“. Оваа одлука овозможи авионот да добие приоритет за слетување во Сао Паоло, каде што беше безбедно приземјен.

„Безбедноста на патниците никогаш не беше загрозена. Се извинуваме за непријатностите што ги доживеаа нашите патници. Екипажот дејствуваше одговорно и професионално во многу тешка ситуација“, изјави портпаролката на компанијата во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северно- македонскиот премиер очигледно не е...

Македонија2 часа

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија2 часа

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија2 часа

Активни девет пожари во државата: сè уште гори во Чучер-Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт3 часа

Вимблдонска приказна што треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет4 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа4 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат во Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија4 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија14 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија15 часа

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија16 часа

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија17 часа

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...

Македонија18 часа

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија20 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија21 час

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија21 час

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија23 часа

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....

Македонија24 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење на пожарот во Дојран беше активиран хеликоптерот „агуста бел 212“, со кој во повеќе налети...

Регион1 ден

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или...