Црна хроника
Рамковски: Крајна цел на случајот Пајажина беше да се затвори А1 телевизија

Крајната цел на случајот Пајажина беше да се затвори А1 телевизија и весниците, рече поранешниот сопственик на телевизијата која згасна, Велија Рамковски обвинет во случајот Пајажина.
Во понеделник со завршни зборови на осудените во овој случај заврши Јавната седница во Апелациониот суд на која се расправаше по жалбите на обвинетите во Пајажина.
Сите негираа дека направиле некаков криминал и побараа фер судење и веруваат дека вистината ќе се обелодени
Адвокатите сметаат дека во судскиот процес имало доста пропусти и побараа укинување на првостепената пресуда.
Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на скопската улица „Перо Наков“ за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.
На 14-ти март Рамковски доби највисока затворска казна во траење од 13 години, а другите обвинети беа осудени на затворски казни од две до седум години.
Во своите завршни зборови Рамковски рече дека против него се води политички процес и дека е осуден уште пред да почне судењето. Кон крајот на јули телевизијата престана да зрачи во етерот откако Агенцијата за електронски комуникации ја одзеде дозволата за работа поради стечај. Се очекува одлуката на Апелација./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.