Македонија
(Видео) Уставен суд ќе почека од парламентот да го толкува Законот за помилување
На денешната седница уставните судии ја одложија точката за нацрт-решението за одлучување за поништувањето на помилувањата кои ги даде експретседателот Ѓорѓе Иванов.
На почетокот на судењето судијата Осман Кадриу побара да се одложи оваа точка, со образложение дека пред парламентот почнала постапка за автентично толкување на членови од Законот за помилување.
Уставниот суд поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, што му овозможи на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов да ги поништи помилувањата кои самиот ги даде во април 2016 година за 56 лица, меѓу кои речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа значи дека шестмина уставни судии со прифаќањето на иницијативата поднесена уште во 2016 година го отворија патот сите 56 лица кои Иванов ги помилува и потоа си ги поништи одлуките да бидат целосно ослободени од кривичниот прогон.
Судот смета дека со Законот за дополнувањето на Законот за помилувањето, со кој му се дозоволи на Иванов да ги поништи помилувањата, излегол надвор од дадените надлежности кои ги има претседателот што е спротивно на Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.
Според уставните судии, претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување.
Двајца пратеници итно поднесоа барање за автентично толкување во Собранието, за да го претркаат Уставниот суд.
Помилувањата се однесуваат на најголем дел од предметите на СЈО.
Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше помилуван најмногу, 16 пати. Поранешната министерка за внатршени работи Гордана Јанкулоска беше помилувана 11 пати, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков шест пати, бегалецот Никола Груевски пет пати, исто толку и Мартин Протоѓер.
На листата четирипати беше помилуван ексгенсекот на Владата, Кирил Божиновски, избеганиот поранешен началник на петтата управа Горан Грујевски, потоа Ирена Мишева, Љупчо Тодоровски, Трајко Вељаноски, сведокот на СЈО, Коста Крпач, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ, вработени во УБК, полициски „алфи“, Коце Трајановски, Исмет Гури и други…
Помилувани беа и специјалните јавни обвинители, тогашниот опозиционер Зоран Заев, разузнавачот Зоран Верушевски…
Уставните судии го одложија одлучувањето за иницијативата за преиспитување на членот 353 став 5 за злоупотреба на службената положба и овластување, кој се однесува на злоупотреба на постапките за тендери, а опфаќа најголем број обвинети во предметите на СЈО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

