Македонија
Царовска: Продолжуваме да се бориме за свет без насилство и дискриминација за жените
Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Мила Царовска вечерва во Гази Баба учествуваше на трибина посветена на борбата против семејното и родово базирано насилство. Трибината “Стоп за насилство против жените и девојчињата, нема оправдување” се одржа во рамките на одбележувањето на 16 дена активизим во организација на Форум на жени на СДСМ на ОО Гази Баба.
“СДСМ е партија која препозна дека има неправедност кон жените и девојките и се бори тоа да го промени. Се залагаме за еднаква застапеност на жените на раководни позиции, но и се бориме против дискриминацијата и насилството врз жените”, рече Царовска.
Царовска истакна дека борбата не е завршена затоа што се уште го имаме фактот дека секоја трета жена во Северна Македонија е жртва на семејно насилство.
“Зад статистиките стојат жени и девојки на кои насилството, стравот, дискриминацијата им се секојдневие. Се додека не изградиме свет каде сите ќе бидеме безбедни и еднакви. За ваков свет продолжуваме да се бориме секој ден од годината”, рече Царовска.
Владата предводена од СДСМ за оваа година издвоидвојно повеќе средства, односно 6,4 милиони денари за имплементација на Истанбулската конвенција и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство.
Годинава ќе ја завршиме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на Република Северна Македонија.
Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување.
Царовска истакна дека истовремено се работи и на други аспекти кои се особено важни во едно општество.
“Дел од нив се родовото буџетирање и вклучување на што повеќе жени на пазарот на трудот. Се радувам што минатата година стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот”, рече Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

