Црна хроника
Пари и накит вредни околу 6.000 евра украдени од куќа во Бутел

Пари и златен накит во вредност од околу 6.000 евра биле украдени од куќа во скопската населба Бутел, во текот на изминатиот викенд, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во куќата сопственост на С.Т. (53) на ул. ‘Краишка’. Крадецот се прекачил преку балконската ограда и влегол внатре во куќата од каде што одзел разновиден златен накит и 30.000 денари, стекнувајќи се со вкупна противправна имотна корист од околу 350.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол

Денеска (07.05.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршен е претрес кај А.С.(21) од Скопје.
При претресот, во помошна просторија која ја користел А.С. се пронајдени и одземени четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ 7.65 со пет куршуми итн..
А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 и 396 од КЗ, по итна постапка.
Црна хроника
Тешко повреден кичевец: управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот

Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на шумски пат во атар на с.Лешница, општина Зајас, Р.И.(54) од с.Трапчин Дол, кичевско, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата, Р.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево.
Црна хроника
Поради кавга во сообраќајот, со нож му нанел убодни рани: уапсен гостиварец

Вчера во 10.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(61) од Гостивар.
Тие постапиле по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на М.Р.(26) од с.Чегране, гостиварско.
Полицијата соопшти дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.