Црна хроника
Воз удри човек во Велес
Еден жител на Велес со тешки телесни повреди в среда попладне е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, откако бил удар со Воз, јави порталот Лисица.
Несреќата се случила доцна попладнево железничкиот премин кај населбата Превалец во Велес. Седудесетгодишниот Атанас според кажувањата на жителите од населбата се движел кон својот дом, но наместо дома тој со тешки телесни повреди беше пренесен во велешката болница.„По укажаната помош во нашата болница поради сериозноста на повредите пациентот е испратен на лекување во Скопје на Клиника“, рече др. Филип Тодоровски.Увид на лице место направи СВР ВЕлес. Додека тие ги утврдуваа фактите жителите револтирано бараа да дојде некој од Македонски железници и повторно да вратат рампите во спротивно најавуваат блокади на патот.„Реагиравме уште кога рампите ги вадеа ама кој нас не слуша“,„Пред три четири дена светлосниот сигнал не работеше , возот помина а сигнализација не работеше“, Побаравме од МЖ и локалната власт да се вратат рампите“,„До кога вака незнаеме више треба да се превземе нешто од денеска вака ќе биде додека не дојде директорот на МЖ ние ке останеме тука ако треба до утре до утре ќе седиме “, велат жителите на Превалец.Ова е втора несреќа за четири месеци, колку што и преминот е обезбедуван само со звучна и светлосна сигнализација. МЖ одлучи да го повлече железничарот кој со години го регулираше сообраќајот. Возот кој го удри Атанас во Битола ќе доцни бидејки стои на стотина метри од местото на несреќата. /крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

