Црна хроника
Ограбено цело богатство од куќа на битолчанец
Богатство во вредност од повеќе од 20.000 евра било украдено од домот на битолчанец, во вторникот, соопшти МВР.
Богатство во вредност од повеќе од 20.000 евра било украдено од домот на битолчанец, во вторникот, соопшти МВР.
Имено, од 8.30 до 17.20 часот, во Битола, во куќата сопственост на Н.Т.(32), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што го отворил прозорот од визбата од каде влегол во куќата.
По извршено пребарување одзел 650.000 денари, 10.640 евра, 300 американски долари и 15 машки рачни часовници, а потоа го напуштил местото на настанот.
Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.300.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Виничко и 26-годишник од Штип пијани предизвикале сообраќајни несреќи, битолчанец не застанал на знак за запирање
Вчера во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од село Истибања, виничко. Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево.
При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,52 промили алкохол во крвта.
Вчера вечер во 23:16 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Битола констатирале дека патничко возило „волво“ со битолски регистарски ознаки се движи со брзина од 112 километри на час. Возачот не застанал на даден знак за запирање и со возилото продолжил со движење.
Исто така на улицата „Косовска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(26) од Штип. Околу 20:10 часот на истата улица, тој со патничко возио „ауди а4“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди а6“, управувано од Е.Д.(37) од Штип.
При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Исто така, во врска со незгодата, А.К. пријавил дека бил физички нападнат од Е.Д..
Вчера во 08:41 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Узем, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.А.(54) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час на место каде со сообраќаен знак дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.
По целосно расчистување и документирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Пронајдени тројца мигранти од Кина, уапсен шверцерот, следува пријава
Вчера во 19:00 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино.
При контрола во патничко возило „бмв х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило.
Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари.
Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава.

