Црна хроника
Пакистанец натепан во кумановско
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против тројца малолетници од градот, осомничени за разбојништво.
Осомничените во четвртокот околу 16:00 часот на локалниот пат Куманово – село Речица, во близина на спортскиот аеродром „Аџитепе“ го пресретнале 20-годишниот Пакистанец Х.А., кој имал намера да посети пријател во Лојане, физички го нападнале, удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото и му побарале пари и мобилен телефон.
Во тој момент наишле полициски службеници, при што напаѓачите се дале во бегство, но еден од нив веднаш е фатен и приведен во СВР Куманово. Набрзо и останатите двајца сторители се пронајдени и приведени, додека Х.А е сместен во Прифатниот центар во Скопје. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

