Македонија
Алијанса за Албанците: Филипче има своја канцеларија каде може да договара проекти
Алијанса за Албанците смета дека случајот „Рекет“ станува по комплициран поради фактот што се инкриминираат и други државни функционери.
„Еден од сведоците во случајот изјавил дека на една од состаноците во куќата на Боки 13 присуствувал и сегашниот министер за здравство Венко Филипче. Уште и по иронично отколку потврдата за неговото присуство на оваа средба е неговиот изговор за предметната средба со фактот дека тој беше таму да разговара за проект за изградба на болница врз основа на јавно приватно партнерство!!!!!
Алијансата за Албанците го потсетува министерот дека јавно-приватните партнерства се вршат со парите на даночните обврзници и дека, затоа, никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот.
Министерот за Здравство има своја јавна канцеларија во зградата на министерството каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат“ му порача Алијанса за Албанците на министерот Филипче.
Алијансата за Албанците бара надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот, што, како што велат, беше најголем удар врз правдата во земјата.
„Сметаме дека состаноци што се одвиваат во приватни домови, надвор од јавни канцеларии и со луѓе инкриминирани и осомничени за злоупотреба и корупција, се и треба да бидат, осомничени за кривични дела“ реагираат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

