Македонија
(Видео) Шахпаска: 27.000 семејства примаат за 300% повисока социјална помош преку социјалната реформа

Во изминатите две и пол години спроведовме реформи кои направија преобразбра на системот на социјална заштита. Придобивките од сеопфатната социјална реформа, денес директно ги чувствуваат над 120.000 наши сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик, изјави пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.
„Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. Денес, околу 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, во висина до 11.700 денари месечно, а претходно добивале социјална помош во висина од околу 3.000 денари.
Децата чии родители се корисници на правото на социјална помош се ослободени од плаќање на болничка партиципација. Не застануваме тука. Во тек е спроведувањето на втората фаза од социјална реформа – развој на социјалните услуги на локално ниво, кои ќе се имплементираат преку општините, за што на располагање се 10 милиони евра.
Паралелно се реализираат мерки за вклучување на социјално ранливите категории на пазарот на труд, преку преквалификација и докавалификација за занимања, кои се дефицитарни на пазарот. Во следниот период примателите на гарантиран минимален приход ќе добијат и социјален работник, кој ќе се ангажира за нив и ќе им помага да се вклучат на пазарот на труд.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме ефикасен систем на социјална заштита кој трајно извлекува од сиромаштија. На прав пат сме. Градиме фер и праведно општество на еднакви можности“ рече Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски.
Нема информации за повредени или настрадани лица.
Македонија
(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата, која има добиено 270 илјади евра преку ‘Еразмус+’, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точна информацијата дека раководителката на одделението за буџетска контрола во ‘Еразмус+’, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?
Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето – зошто фирмата на Златковски, „В.Е.З. трејд“, била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска – Димова – Златковски довело до злоупотребување на службената положба и грантот од одбиен, станал одобрен.
Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од другите, кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?
Лицемерно е СДС да зборува за криминал и корупција кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДС никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.
Затоа, народот, кога ќе ја слушне кратенката СДС, првата асоцијација му е криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) „Стандардот на граѓаните постојано се намалува, а власта одбива да ги покачи платите“, вели Кузеска

„Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Во исто време платите стагнираат, власта упорно одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра, одбива да ги прифати предлозите за покачување на платите во останатите сектори.
Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат месечните трошоци. За да се покрие синдикалната кошница потребни се 2,7 минимални плати.
Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.
Европската статистика покажува дека дури 55% од македонските граѓани не можат да си дозволат одмор. Тоа е уште еден доказ за поразителниот стандард во кој живеат граѓаните на државата.
Стотици илјади граѓани бројаат денови до следната плата, не знаат дали ќе им стигнат пари за сметки и за храна, родители од месец во месец пресметуваат што да скратат за да преживеат.
Младите наместо да планираат иднина дома, се повеќе сакаат да се иселат од државата.
Куповната моќ на граѓаните за една година е намалена за над 20%, на последно место во Европа сме по куповна моќ, a Македонија е на листата на најсиромашни земји.
Ова се резултатите од промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година.
Народот врзвува крај со крај а власта се луксузира со манго, папаја, луксузни патувања со приватни авиони.
Граѓаните заслужуваат подобро од криминална влада која ги остава сами да се борат со сиромаштијата и со енормните сметки.
Потребни се итни мерки за раст на платите, намалување на трошоците за живот и вистинска грижа за стандардот на граѓаните“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.