Македонија
(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени во изборниот законик, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, открива дека објаснувањето на пратениците дека не биле навреме информирани за измените во изборниот законик и затоа не сакаат набрзина да се расправа за овие закони е само начин да блокираат а за измените биле поканети да разговараат уште во септември. Морачанин вели дека на сите три расправи на кои биле поканети лидерите од најголемите партии, присуствувале само СДСМ, така што овој бојкот е очекуван, но не е оправдан. Со промените, според Морачанин, би се намалила доминацијата на партиите врз своите членови и би се зголемила одговорноста на поединците на пратеничките листи.
„Со имените во изборниот законик ништо сушптинско не се менува во функцинирањето на партиите, а ќе добие општеството и граѓаните. Измената која треба да донесе една изборна единица, без праг, отворени листи и 50% жени на листите и со тоа малите партии да бидат ставени во рамоправна позиција и за да се зајакне демократијата во изборниот процес, очигледно не им оди во прилог на двете големи опозициски партии. Не знам зошто тие не сакаат да дојде до расправа и дебата во Собранието и ова личи само на инатење кое оди на штета на граѓаните“, вели Морачанин.
За можноста изборите да бидат одложени ако измените на законите не бидат изгласани, зошто пратеничките на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се постигне родова еднаквост на гласачките листи, но и за заложбите на ДОМ за чистиот воздух и отворената поддршка на екоактивистите што се борат против рудниците, разговаравме со Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Лефков: Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев

Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев. Зоран Заев во изјава за еден пишан медиум кажа: ,,Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило”, посочи Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
„Лицето А.Н. кое било шофер кај Заев е потпалувач на пожар, кое е уапсено од полицијата. Кој може да верува дека шоферот на Заев потпалувал пожар на своја рака, без нечија насока“, прашува Лефков.
Дел од пожарите, според него, се потпалуваат од лица блиски до опозицијата, а затоа има и уапсени.
„И додека овие пиромани како шоферот на Заев ги палат пожарите, СДС и нивните апологети креваат паника и шират лаги во јавноста.
СДС се притиснати до ѕид. Наместо да држат прес-конференции и сеат магла, да се извинат за шоферот на Заев и оградат од него“, додаде Лефков.
Македонија
На Табановце се чека околу 45 минути, зголемена фреквенција на возила поради летните одмори

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30-45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Викендов сончево време со услови за локален пороен дожд

Утре и во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, информира УХРМ.
В понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Извор: УХРМ