Спорт
Аугзбург и Макс го имаат „лекот“ за Хофенхајм (видео)

Филип Макс постигна два гола, а Аугзбург стигна до четвртата победа во пет лигашки мечеви со заслужена 4:2 победа на гости кај Хофенхајм.
Аугзбург влезе во мечот без пораз во последните четири меча и најави дека се дојдени по трите поени во Зинсхајм, откако Макс уште во 11. минута ги донесе во водство. Но, само три минути подоцна Роберт Сков постигна фантастичен гол за кој Томаш Коубек немаше одговор и Хофенхајм доминираше до крајот на полувремето.
Во второто полувреме, Аугзбург ги казни сите грешки на Хофенхајм. Прво Кевин Акпогума направи фаул за пенал во 51. минута, кој Макс лесно го реализираше, пред Фредрик Јенсен во 56. минута со својот прв бундеслигашки гол да донесе 1:3 предност. Јирген Локадија во 80. минута даде надеж на домаќините, но Сков со вториот гол само пет минути подоцна стави печат на победата.
Со победата, Аугзбург се искачува на 10. место на табелата со поен пред Хофенхајм, кои немаат победа во последните четири меча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ го блокира Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето.
„Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови.
Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона.
Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го продаде.
Српскиот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.
Оттогаш, тој одигра 145 натпревари за „Старата дама“ и постигна 58 гола.
Спорт
Жоао Педро во Челси

Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов играч на „сините“.
Брајтон ќе инкасира 50 милиони фунти, односно околу 60 милиони евра, а 23-годишниот ќе потпише договор откако претходно, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи.
Минатата сезона, Жоао Педро постигна 10 гола и запиша седум асистенции во 30 настапи во сите натпреварувања, додека сезоната претходно имаше учинок од 20 гола и три асистенции во 40 настапи.
Со трансферот на Педро, Челзи ја заврши целосната реконструкција на напаѓачката линија.
Ова лето, Челзи договори за три трансфери на напаѓачи во вредност од 145 милиони фунти, односно 170 милиони евра. Во клубот пристигнаа покрај Жоао Педро, Лијам Делап и Џејми Гитенс.
Спорт
Клоп: Ливерпул даде премногу пари за Вирц

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана.
„Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец.
„Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме за одличен играч. Знам дека еднаш реков дека ако платиме 100 милиони евра за играч, ќе си заминам. Но, светот се менува. Тоа е пазарот“, рече Клоп.