Црна хроника
Молотов коктел фрлен врз куќа на прилепчанец
Во средата околу четири часот и триесет минути во Прилеп на улица „Крагуевачка“, непознат напаѓач фрлил Молотов коктел врз куќата на 22 годишниот прилепчанец К.С., соопштуваат од министерството за внатрешни работи.
Пламенот ја зафатил влезната врата, но за среќа сопственикот брзо реагирал и успеал да спречи поголема штета.
Мотивот за нападот не е познат, а полициските службеници ги преземаат сите неопходни мерки за откривање на идентитетот на сторителот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид.
„Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.