Европа
Европските десничари ги поздравија изборните резултати во Австрија

Партиите од крајната десница во Франција, Италија и Германија, ја поздравија во понеделникот убедливата победа на Слободарската партија на Австрија (FPOe) во првиот круг од претседателските избори, нарекувајќи ја протест против Европската унија.
„Очигледно расте свеста меѓу народите во Европа дека Европската унија е антидемократска структура која ги покорува луѓето“, изјави во понеделникот Марин Лепен, чијшто Национален фронт (FN) на декемвриските регионални избори со коалиција на двете етаблирани партии социјалистите и конзервативците беше оневозможена да оствари победи во четири од шесте региони во кои водеше по првиот круг.
„Луѓето почнуваат да сфаќаат дека Европската унија не ги одразува своите ветувања за јакнење на економскиот раст и запирање на имиграцијата“, додаде Лепен во изјавата за France 2.
Кандидатот на FPOe, 45-годишниот воздухопловен инженер Норберт Хофер оствари во неделата неочекувана победа во првиот круг од претседателските избори со освоени 35 отсто од гласовите, а на втората позиција се пласираше независниот кандидат поддржан од партијата Зелени, 72-годишниот економски експерт Александер Ван дер Белен со 21 отсто. Тие ќе се соочат во вториот круг од изборите на 22-ри мај.
Австриската Слободарска партија „повикува на контролирана миграција, повеќе работни места и поинаква Европа, како и ние, и тие сакат правила, ред, работни места и мир“, изјави Матео Салвини, челник на италијанското движење од крајната десница Северна лига.
Фрауке Петри, челничка на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), преку Twitter му честиташе на Хофер.
Хофер се залага за строго контролирање на миграцијата во Австрија, која минатата година прими 90.000 баратели на Азил. Тој жестоко го критикува договорот меѓу ЕУ и Турција околу бегалците и се заканува со излегување на Австрија од ЕУ доколку Турција стане нејзина членка./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин