Македонија
Формиран регистарот на професионални онлајн медиуми
Седумдесет и два медиума влегоа во првата фаза за резултатите од креирањето регистaр на професионални онлајн медиуми.
Во овој регистар, во кој влезе и новинската агенција „Макфакс“, се онлајн медиумите кои имаат транспарентна сопственичка структура, кои објавуваат информативни содржини, кои ќе објават банер со коj се обврзуваат дека ќе ги почитуваат професионалните стандарди, а ќе ги објавуваат и одлуките на Советот за етика. Дополнително, тие би требало да имаат ценовници за реклами, да се регистрирани на мк домејн, да имат најмалку еден уредник и двајца вработени.
Регистарот е направен со цел читателите да знаат дека медиумот ги почитува стандардите и да се избегне ширењето дезинформации, пропаганда и лажни вести, а од почетокот на јануари ќе биде во функција веб-платформата www.promedia.mk, на која ќе има детали за сите членки.
Регистарот „Промедиа“ беше изработуван половина година од страна на Советот за етика на новинарите на Македонија, Здружението на новинарите, а во соработка со Стопанската комора.
„Ова e отворен инклузивен процес, не е конечен. Ова не значи дека по оваа прва фаза, понатаму нема да бидат, ова е фаза, жив процес. Ние како новинари сме способни сами да си го исчистиме сопствениот двор“, рече Катерина Синадиновска, претседателка на СЕММ.
Според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, ова е бескраен процес кој ќе трае.
„Промедиа не ја направивме само за бизнисмените, за да се спречат заканите од уценувачите, туку и за граѓаните, да ги препознаат оние што шират пропаганда и да знаат кому да веруваат, а за политичарите, еве шанса да покажете дека ги цените професионалните стандарди“, рече тој.
Некои од порталите кои не се опфатени со регистарот, а покажале желба да бидат дел од него, имаат рок од 3 месеци да почнат да ги применуваат стандардите, беше речено на прес-конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.
Македонија
Мицкоски од Србија: Овa е доказ за моќта на соработката, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител
Премиерот Христијан Мицкоски од саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Србија, истакна дека настанот е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што земјите ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција.
Регионалната иницијатива, според него, создава можности што го поврзуваат регионот со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.
„Горд сум што денеска, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија, која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот. Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот. Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето. Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена. Во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот, меѓу количината и квалитетот на произведеното вино. Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет. Дополнително, секторот за вино придонесува со три проценти од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците. Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител“, нагласи Мицкоски.
Изрази уверување дека настанот нема само да ја зајакне нашата винска индустрија, туку дека ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.
Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки. Дозволете ми да се заблагодарам на домаќините и организаторите, кои вложија голем труд за да го направат овој настан успешен и да го промовираат Балканот како регион на квалитет, креативност и потенцијал. Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина“, кажа Мицкоски.
Македонија
Магла на патот с.Лисец – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.