Македонија
СЈО остана без пари, средствата се пренаменети за изборите
Специјалното јавно обвинителство остана без пари за следната година, откако со амандман во Собранието парите за оваа институција беа пренаменети за изборите 2020 година.
„Со загриженост и неверување ја примивме информацијата дека на седница на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Северна Македонија едногласно е изгласан амандман на буџетот на државата за 2020 година со кој финансиските средства предвидени за Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се пренаменуваат за друг буџетски корисник, поточно за спроведување на предвремените парламентарни избори“, се вели во реакцијата од ова институцијата.
Од таму истакнуваат дека се работи за флагрантно прекршување на законот, што повлекува и кривична одговорност.
Од СЈО нагласуваат дека доколку се има предвид оти со амандманот се одземаат сите средства наменети за намирување на тековните обврски на ова Јавно обвинителство, во отсуство на одговорно лице, се поставува прашањето како ќе се сервисираат обврските до истекот на законскиот мандат на оваа институција и каква порака се испраќа до професионалците кои одлучиле да се борат против високата корупција.
„Во оваа насока апелираме доследно да бидат почитувани законските одредби и предложениот незаконски амандман, којшто задира во автономноста и финансиската независност на ова Јавно обвинителство, да биде повлечен”, бараат од специјалното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

