Црна хроника
Воз прегази маж во битолско
Патнички воз прегази триесет и шестгодишен маж помеѓу железничките станици Битола и Никола Карев, кај мостот на реката Шемница.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила во вторник (3. јуни) во 18,50 часот кога возот, што сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во непознато машко лице кое се движело по пругата и не реагирало на предупредувањето од звучните сигнали.
Од ударот лицето починало на самото место, а по преземени мерки било констатирано дека станува збор за лицето Мирко. М.(36) од село Црнобуки, битолско.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж најден починат во штала во Росоман
Педесет и шестгодишен маж бил најден починат во штала во Росоман во близина на игралиште.
Телото на мажот (М.С.) било најдено вчера, а според информациите од МВР, тој таму престојувал како безомник.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Засега нема информации за причините за смртта на човекот.
Црна хроника
Група деца со пиротехника оштетиле автомобил во Центар
Група малолетници пред два дена во Центар, Скопје, фрлале пиротехнички средства и оштетиле автомобил.
Возилото било во сопственост на фирма од населбата Илинден.
Се работи на расчистување на настанот, велат од МВР.
Црна хроника
Со автомобил удрено 15-годишно девојче на улица во Скопје
Синоќа на булеварот Александар Македонски’ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје.
„Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид.