Скопје
„Сите во кајак“ акција за промоција на кајакарството

Во сабота, со почеток во 10 часот, на езерцето спроти арената „Филип 2“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи првиот настан од проектот „Сите во кајак“ кој има за цел, да им овозможи на 3.000 деца, на повеќе локации во земјава, да ги направат првите чекори и да се запознаат со овој спорт.
Кампањата чии носители се Кајакарската федерација на Македонија и Кајак кану клубот „Илинден“ ќе се обиде да привлече нови членови, да создаде база и нови сили во олимписката дисциплина.Скопскиот настан е прв во низата која во текот на летото ќе продолжи во Ресен, Дебар, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Струга, Маврово каде нашите сограѓани ќе можат да се започнаат со привлечноста на кајакарството. Тренерскиот тим, соодветната опрема, активистите едукатори ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани во терминот од 10 до 13 часот. Пријавувањето за акцијата Сите во кајак е на апликацијата www.sitevokajak.makedonijadenes.com или на телефон 070/277-552./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)