Македонија
Николовски испрати телеграма со сочувство до семејството на академик Филиповски

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати телеграма со сочувство до семејството, пријателите и почитувачите на делото на професор д-р Ѓорѓи Филиповски.
“Со голема тага ја примив денешната тажна вест. Изразувам искрено жалење и сочувство до семејството и пријателите за загубата на Ѓорѓи Филиповски, татко, сопруг, професор, основач на МАНУ, УКИМ, голем човек и мој пријател. Сочувствувам со Вас и вашата болка. Заминувањето на Филиповски во вечното почивалиште е загуба за сите нас и за македонската наука.
Нашата држава загуби врвен професионалец, основач на МАНУ, основач на Факултетот за земјоделски науки и храна, темелник на македонската наука и истакнат член на академската заедница.
Се надевам дека ќе најдете сила и утеха во значајноста на делото што го остави зад себе на полето на образованието и науката.
Неговото дело останува трајна вредност, патоказ и мотив за сегашните и идните генерации” стои во телеграмата на генералниот секретар Љупчо Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и со поединци и невладиниот сектор.
Тој уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Обвини дека албанската дијаспора е исклучена од политичкиот живот, албанскиот јазик брутално се деградира, а повеќе од 78 институции го игнорираат законот за користење албански јазик.
Прашан за приклучување на Арбен Таравари кон коалицијата и проширување на Европскиот фронт, Беџети рече дека во моментов се прават анализи, а Европскиот фронт ќе се проширува не само со политички партии, туку и со поединци, со невладиниот сектор и со сите оние кои мислат дека Владата носи антиалбански одлуки и која, како што рече, во контуинитет ги деградира правата на Албанците.
Македонија
Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.
Од Министерството информираат дека со тоа, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25, меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш.
„Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.
Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:
📞 +389 75 273 732 / +389 75 268 736
или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:
📞 +972 54 500 8566 / +972 54 967 054
Воедно, се апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена.
Македонија
Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата тврди дека Акиов е човек од доверба на експремиерот Зоран Заев, а планот Акиов да почне со правење на тензија и ескалација на состојбите во Кочани го дал токму тој, на состанокот со Филипче во Дубаи.
„Филипче само спроведува тоа што Заев му кажал. Венко Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов затоа што истиот може лесно да каже по чија наредба делувал. Планот на Заев пропадна, Филипче не успеа да ја зоврие состојбата во Кочани до ниво на ескалација. Тоа што Заев и Филипче, не се откажуваат од тепачот Акиов, е јасен знак дека обидите за ескалација во иднина ќе продолжат“, рече Мицевски.
Партијата ги повика сите граѓани и општествено политички чинители, да не наседнуваат на пропаднатите обиди на Заев и Филипче да се спасат политички преку сеење омраза и страв кај народот во Кочани. Се вели дека обидите им се јалови.