Црна хроника
Бугарка се обидела да прошверцува 1500 парчиња Swarovski
Бугарски државјани се обиделе да прошверцуваат околу 1500 парчиња накит Swarovski.
Во понеделникот околу 9 часот царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречиле обид за шверц на вреден накит.
Накитот бил пронајден во пет патни торби покриени со каталози со накит, иако бугарскиот државјанин кој управувал со автомобилот и неговата сопатничка, бугарска државјанка рекле дека немаат ништо за пријавување и одат туристички за Скопје на три дена.
Пронајдени се 1449 парчиња накит Swarovski кристали, приврзоци, апликации и монистри тешки четири килограми.
Непријавената стока е привремено задржана, според првичните проценки нејзината вредност изнесува 420 илјади денари, а избегнати царински давачки се околу 125 илјади денари, а во малопродажба вредноста би се зголемила и за три пати.
Бугарката се претставувала како менаџер за Swarovski за дел од балканските земји – Бугарија, Македонија и Србија.
Во Македонија доаѓала да го презентира накитот кој не е нејзина сопственост и не е наменет за продажба, туку од фирмата каде е вработена и бил даден како презентациски материјал. Но, осомничената не поседувала официјална покана за презентација во Македонија ниту пак имала обавени контакти за организација на презентацијата.
Против нејзе Царинска управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење затоа што со намера да ја избегне царинската контрола пренесе стока со поголема вредност./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

