Контакт

Македонија

(Видео) Вработен на Економскиот факултет негира дека посредувал за оценки и дека имал ценовник

Објавено пред

Обвинетиот Драган Денковски во случајот „Еразмус“, кој од сведокот Дејан Трајковиќ на минатото рочиште беше посочен како посредник меѓу студентите и професорите, а вработен како демонстратор на Економскиот факултет при УКИМ, на денешното рочиште рече дека не бил близок со ниеден професор за да бара оценки за студенти.

dobivaj vesti na viber

„Јас не можев да помогнам за некој да положи испит на кој било факултет, не само на Економскиот. Јас го знам Дејан Трајковиќ како сопственик на бифето и кафеана во Дебар Маало. Моите односи со него беа професионални оти кога имав пауза, одев во неговото бифе, пиев кафе, што и да ми душа посака. За тоа имам соодветно платено“, рече Денковски.

Дејан Трајковиќ, кој е ексвработен во бифето, посочи дека Денковски имал ценовник за да помогне за положување предмети кај професори. Денковски, пак, посочи дека Трајковиќ го прекорувал бидејќи пријавувал студенти дека препишуваат на испити.

„Тој ме има прашано дали можам да му помогнам за негова братучедка да положи испит кој повеќе време не можела да го положи. Јас му кажав дека не можам бидејќи немам пристап до системот за оценување. Имав впечаток дека им е адвокат на студентите. Тој ме имаше прекорувано кога ќе поднесев пријава за препишување“, додаде Денковски.

Тој посочи дека бил студент на Економскиот факултет, а односите со професорите секогаш биле професионални.

„Моите односи со професорите беа професионални. Помеѓу мене и професорите немаше дружба. Не бев близок со ниту еден професор“, рече Денковски.

Денковски на Факултетот бил волонтер, а потоа вработен. Тој внимавал на редот и дисциплината за време на полагањата на Економскиот факултет.

„По 30.6.2016 година, не бев вработен на Факултетот. Претходно работев како телефонист. Јас имав работни задачи да поднесувам пријави за тоа ако некој препишува на испити. Внимавав на редот и дисциплината. Поднесов над 50-100 пријави“, изјави Денковски.

Професорот Стојан Дебарлиев, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба, а вработен на Економскиот факултет, распрашуван за полагање на студент кој е оштетен во постапката, објасни дека тој неколкупати полагал и не ги положувал испитите по што му дал задача да направи семинарска работа за да положи. Според професорот, семинарската работа е дополнителен испит по претходно спроведен писмен испит.

„Кога ја разгледав семинарската работа, сфатив дека студентот вложил труд. Му пишав позитивна оценка“, рече Дебарлиев.

Обвинителката Ивана Трајчевска, која го застапува „Еразмус“, го праша професорот Дебарлиев, кој кажа многу детали за полагањата на студентот, дали вака се сеќава за сите студенти по што тој одговори: „За секој студент се сеќавам поинаку“.

„Објаснив дека ми беше доволно времето да ја разгледам структурата на семинарската работа. Со таа тема имам прегледно над 100 семинарски, на памет ги знам. Литературата јас ја посочив. Имав доволно време да ја прегледам“, рече професорот Дебарлиев.

Обвинителството за организиран криминал за предметот „Еразмус“ гони петмина осомничени, меѓу кои поранешниот декан и професор на менаџмент, Бобек Шуклев. Предметот е отворен во јуни 2016 година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење, а имало случаи кога студенти добиле шестка иако немале право да го полагаат испитот или не им бил пријавен во таа испитна сесија.

Осомничени се професорите Бобек Шуклев, Славе Ристески, Драган Јанев и Стојан Дебарлиев.

Пресудата ќе биде соопштена на 3 февруари.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Хуманитарен музички настан на Споменикот на слободата во Кочани

Објавено пред

Од

На први и втори август ќе се одржи хуманитарен музички настан Расплет фестивал, на Споменикот на слободата во Кочани, организиран од млади луѓе меѓу кои и бендот Корка од Кочани.

dobivaj vesti na viber

Главна цел на настанот е да се подигне свеста дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите денови на формирањето на Support Kocani.

„Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетеме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив, од кои некои директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација. Причината за дводневното времетраење е за да може да се привлече поголемо внимание кон Кочани и сите засегнати од трагедијата и да се собере што можно поголем број на донации. Вториот дел од настанот (сабота 02/08/2025) ќе започне покасно, да се остави простор на мировниот марш, кои ние со сè срце го подржуваме, учествуваме и повикуваме луѓе да земаат учество и надвор од Кочани“, велат организаторите.

Тие наведуваат дека целиот настан е посветен нa Сара Јорданова, нивна драга пријателка и соученичка која го загуби својот живот во пожарот, но и кон сите други засегнати.

На сцената ќе настапат артисти како Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтанза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Објавено пред

Од

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, денес положија цвеќе на местото каде ќе биде изграден меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница.

dobivaj vesti na viber

„Денес не почнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред четири години на ова место се случи трагедија, која не смее да се заборави, но институциите четири години молчеа. Не презедоа ништо, избраа да не гледаат, а тоа молчење беше неправда за тие што ги изгубија животите и за сите тие што секојдневно ја бараат правдата. Овој проект не е за сликање. Овој парк не е украс. Тој е задоцнет одговор што системот требаше да го даде одамна, но денес конечно започнуваме и тоа почнуваме поинаку“, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.

Тој појасни дека овој проект е почнат само неколку недели по преземањето на функцијата министер за здравство во насока на одговорност и потенцира дека меморијалниот парк нема да има прави патеки, бидејќи ни животот не бил правичен за овие луѓе.

„Архитектурата ја следи филозофијата на прекината рамка, свиени патеки, дрвја што создава сенка за размислување и рефлексија, симболичен центар за да се памети и да се вети дека ова нема да се повтори повеќе. Немаме луксуз да заборавиме и немаме веќе право да доцниме. Овој парк е повеќе од простор. Тој е културен пресврт, јасна одлука против молчењето покана за размислување и ветување дека институциите мора да бидат блиску до граѓаните. Не само по трагедиите, туку и пред нив. Ние се сеќаваме дејствуваме и градини систем што не заборава“, истакна Алиу.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за спорт не ја најмило фирмата, туку МОК

Објавено пред

Од

Харикири пресовите на СДС се одраз на нивната безидејност и насоченоста да си го штитат криминалот и одвлекуваат внимание, Министерството за спорт не ја најмило фирмата туку МОК, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Жалиме што СДС пушта низ вода кадри кои излегуваат на пресови како политички камикази.

Очигледно Спасов, кој го води пи-арот на СДС, потребно е да добие отказ после ваквите катастрофални утки.

Споменатата агенција, ,,Идеа лаб“, не е ангажирана од Министерството за спорт туку од Македонскиот олимписки комитет, кој нема допирна точка со Владата. Од друга страна ,,Идеа лаб“, како агенција имала соработка со институции и под контрола на владите на СДС, како што е ,,Преспа форум“, и во периоди кога Владата ја воделе други партии.

За разлика од агенцијата ,,Рејтинг“ на Никола Спасов, која го води пи-арот на СДС, и исклучиво работи кога СДС е на власт, со владините институции.

Ваквите харикири пресови на СДС се одраз на тоталната безидејност и нивната насочесност да си го штитат криминалот и одвлекуваат вниманието“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 минути

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија26 минути

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија3 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија3 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет4 часа

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија5 часа

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ5 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет6 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет8 часа

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет8 часа

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија18 часа

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија19 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет21 час

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија23 часа

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија1 ден

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија1 ден

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...