Топ
Изгоре куќа во Струшко, загина 73-годишен маж

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во пожар во куќа во струшкото село Калишта. Според пријавата во полицијата во Струга, 73-годишниот Р. Е. добил тешки изгореници по што починал.
Телесни повреди добиле М. Е., Е. Е. и И. Е., сите од с. Калишта, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. За случајот е известен јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот му е предадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град, извести УХМР.
Во Скопје, денес во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Свет
Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура.
Шефот на иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами, изјави, според новинската агенција „Фарс“, дека нуклеарните капацитети остануваат во добра состојба и покрај израелските напади.
„Моралот на нашите колеги во нуклеарните капацитети е одличен и тие работат напорно“, рече Еслами.
Ограничувањето на нуклеарните капацитети на Иран и спречувањето на развојот на атомска бомба е една од клучните цели што Израел ги наведе како причина за нападите врз Иран.
Во исто време, министерот за нафта, Мохсен Пакнеџад, изјави дека нападите не влијаеле врз способноста на земјата да го снабдува населението со гориво.
„Секако, за да се обезбеди континуирано и долгорочно снабдување, може да има ограничувања на некои места, но нема да имаме проблем со снабдувањето на граѓаните со гориво“, рече Пакнеџад.
Македонија
Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради Јулијана Спировска од ВМРО, која од судот во Република Македонија е осуден криминалец, а во исто време е претседател на управниот одбор на „Комунална хигиена“, избрана да раководи од ВМРО и „Влен“, објави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Таа обвини дека „Комунална“ под раководство на Спировска е во тотален хаос.
„Со партиски инструираната работа на Јулијана како претседател на УО на ‘Комунална хигиена’ – Скопје, документирана во записници со содржина, насоки и заклучоци, претпријатието под нејзино водство е хаос! На госпоѓата, која е со правосилна судска пресуда осуден криминалец, работите никако да ѝ тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 часот закажала тајна затворена седница на управен одбор. Госпоѓо Јулијана, во согласност со правните акти и член 3 од Деловникот, во согласност со кои ти си должна да работиш, седниците на управниот одбор на JП КХС се јавни“, напиша Арсовска.
Таа вели дека на седницата може да присуствуваат претставници на средствата за јавно информирање и да jа известуваат јавноста за работата, што, како што вели, и се надевам дека ќе го направат за да може да видат што си правела 3,5 години, а и за пресудата да може да те прашаат како осуден криминалец уште има образ да носи јавна функција.
Според Арсовска, Спировска директно го крши член 13, со тоа што предлогот на дневниот ред треба да го утврди во соработка со директорот на JП КХС, а не сама, како што вели Арсовска, по насоки од штабот.
„Директно го кршиш член 14 со тоа што материјалот со поканата за седницата на управниот одбор не им ги доставуваш на директорот, на заменикот и на раководните работници со посебни овластувана и одговорности зашто сакаш во јавно претпријатие да тераш тајни седници за да го доупропастиш претпријатието со кое управуваш. Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана“, напиша Арсовска.